Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада. Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ. Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на […]

Цените на нафтата повторно пораснаа


Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 67 центи во однос на претходното затворање, на 84,12 долари, а на американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 63 центи, за 80,01 долар. Цените паднаа минатиот трговски ден поради загриженоста дека побарувачката за гориво дополнително ќе биде притисната од продлабочувањето на кризата […]

Ковачевски: Во македонскиот парламент има пратеник од УДБА


Во македонскиот парламент има пратеник од југословенска тајна разузнавачка служба УДБА. Тоа во парламентот го соопшти  премиерот Димитар Ковачевски. „Архаичните концепти од времето на национал-романтизмот за создавањето на големи држави  се завршени. Конечно помина оваа работа“, рече Ковачевски и додаде:„Балканот не е она што беше во 1990-тите. Регионот има земји членки на НАТО и на ЕУ, но […]

Тројцата бугарски руски шпиони најверојатно се поврзани со „Преродба“


Тројцата осомничени членови на руска шпионска мрежа кои биле уапсени во Обединетото Кралство, се истражуваат во Бугарија поради загриженоста дека тие биле дел од про-Кремљ мрежа и можеби се обиделе да интервенираат во гласањето на бугарските мигранти, се вели во коментар на британскиот весник „Телегаф“. Извори од Софија рекле дека постојат сомневања дека двајца од […]

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра


 Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период […]

Меси, Халанд и Де Брујне номинирани за наградата на УЕФА за играч на годината


Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23. Тројца номинирани се напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој играше минатата сезона за ПСЖ, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и неговиот соиграч Кевин де Брујне. Номинираните тројца се одредени со гласање на главните тренери на […]

Бич барови на грчкиот остров Тинос незаконски зазеле простор од 3.000 метри квадратни


При контролите извршени на три популарни плажи на грчкиот остров Тинос биле откриено дека пет бич барови незаконско зазеле простор од 3.000 метри квадратни со поставени чадори, лежалки како и специјални дрвени конструкции, соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција , јави дописничката на МИА од Атина.  Контролите што ги вршат надлежните […]

Градоначалниците на Тетово и на Чаир го злоупотребија Курти за дневно политички цели, смета Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека косовскиот премиерот Албин Курти бил злопотребен за политички цели од страна на градоначалниците на Тетово, Билал Касами, и на Чаир, Висар Гани. Одговарајќи денес на новинарско прашање за идејата за изградба на патод Тетово до Призрен, што беше една од пораките од посетата на Курти во двете општини, Ковачевски рече […]

Зошто расте германската екстремна десница?


Во текот на последните две години, најголемата германска екстремно десничарска партија, Алтернатива за Германија (АфД), успеа да ги консолидира бројните отцепени групи кои го сочинуваат долго нерасчистениот националистички раб на земјата. Пркосејќи ѝ на својата репутација за внатрешни борби и чести промени во лидерството, во АфД доминира една личност, Бјорн Хеке. Додека германскиот политички мејнстрим […]

Од Безос до Орландо Блум- „инвазија“ на Дубровник од славни фаци


Дубровник- Џеф Безос и свршеницата Лорен Санчез го продолжуваат крстарењето на Медитеранот на неговата мегајахта вредна 500 милиони долари, а во средата навечер беа забележани во Дубровник заедно со пријателите Кети Пери, Орландо Блум и Ашер, објави „Дејли мејл“. На фотографиите што беа споделени во таблоидите еден ден потоа малото друштво шета на живописните улици […]

Рама и Мелони разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која пред три дена допатува во Валона, како што беше најавено на неколкудневен одмор со семејството, имала неформална средба со домаќинот Еди Рама, со кого разговарала за изградба на нуклеарна централа во Албанија, јави Евроњуз Албанија. Според истиот извор „овој потег доаѓа бидејќи на Италија и е потребно снабдување со енергија“. […]

„Дата мастерс“: Која е македонската компанија што работеше на здравствениот систем во Абу Даби


  Педесет вработени, 60 клиенти во разни делови на светот, работење со вештачка интелигенција, обработка на податоци…, накусо станува збор за „Дата мастерс“, млада компанија, но една од најуспешните според достигнувањата кои што ги има направено за само пет години од основањето. Еден од проектите на кои што работеле, а кој што денес го посочи […]

Шпанија: Изборот на спикер на Конгресот ги зголеми шансите на Санчез да остане премиер


  Повторувањето на изборите во Шпанија се чини помалку веројатно откако во четвртокот беше постигнат договор во последен момент во врска со контролата на главното административно тело на шпанскиот парламент – што е поттик за социјалистичкиот премиер Педро Санчез. Набргу откако пратениците положија заклетва, каталонската сепаратистичка партија Жунтс ги даде своите гласови на Франсина Арменгол, […]

Ковачевски: Не може да се израмни некој што плаќал стаж 15 години со некој што плаќал 30


Пензијата е право од работен однос и не може да се израмни некој што плаќал 15 години стаж на минимална плата со некој што плаќал 30 години на многу поголем износ, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека наскоро ќе биде изработен закон за минимална пензија. -Не може да кажете дека тоа е исто, […]

Црквата се вклучи во спорот за тетовскиот стадион


 Владиката на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква г. Јосиф испрати соопштение до јавноста со кое изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен од Тетово. – Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски […]

Македонија со гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи  гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата. Периодов што следи ќе бидат изработени и видеоматеријали за истата намена, најавуваат од агенцијата. – Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има […]

Протестот на ЈСП откажан, платата им била исплатена


По повеќечасовни притисоци, вработените на ЈСП ќе добијат плата а протестот кој што беше најавен за утре е одложен. Синдикатот на ЈСП денеска имаше средба во градот Скопје, а на која синдикалците на маса ги ставија проблемите на вработените во ова претпријатие. Од градот им ветиле исплата на јулската плата за денеска, но сепак ќе […]

Алек Болдвин сепак може да биде обвинет за пукање во „Rust“, откако експерт заклучил дека го повлекол чкрапалото


Откако беа отфрлени кривичните пријави против него, Алек Болдвин може да биде повикан на суд за убиството на кинематограферката на Раст, Халина Хачинс, се вели во новиот извештај. Форензичкиот извештај добиен од PEOPLE во вторникот заклучи дека чкрапалото на револверот Colt .45, кој се покажа дека содржи живи куршуми, мора да бил доволно „влечен“ за […]

Русија ризикува војна со НАТО во Црното Море


Москва ризикува да предизвика директен воен конфликт со НАТО со пресретнување бродови во меѓународните води и обиди да наметне економска контрола над Украина, изјави за Политико поранешниот врховен командант на силите на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис. Според пензионираниот американски адмирал, кој командуваше со силите на алијансата на континентот меѓу 2009 и 2013 година, […]

Маричиќ: Ако и сакаме добро на државата, а не изолација – уставните измени треба да бидат донесени


Ако навистина ѝ сакаме добро на државата и сакаме да ја оствариме целта – до 2030 година Северна Македонија членка на ЕУ, сега е време тоа да се покаже на дело, порачува во интервју за „Цивил медиа“, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во пресрет на утрешната собраниска седница за уставните измени. Маричиќ вели дека […]