До сега реализирани 60 отсто од приходите во Буџетот планирани за годинава


Имаме добра реализација на планот за годинава кај Буџетот по сите основи и имаме поголема реализација за периодот јануари – август во споредба со минатата година, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Нагласи дека реализацијата на вкупните приходи во Буџетот за 2023 година досега е 60,04 отсто, кај данокот на личен доход е 61,7 […]

САД ни донираа „боди камери“ и возила за детектирање радијација


Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето […]

Се вдоми Томи, кучето „офис менаџер“ на Лајка што сакаше состаноци


Томи – контролор на корпи за отпадоци, квалитет на доручеци и офис менаџер во ЈП Лајка, а сега среќно вдомен во Велика Британија и ни испрати фотографии од неговите нови авантури. Томи и неговото братче беа оставени на улица како мали бебиња, а нашиот колега Александар ги згрижи и ги чуваше се додека не навршија […]

Набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија


За првпат е набавен лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити. Лекот „Vosoritide“ е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника. – Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го […]

Бесими повикува да не се шпекулира со поскапувањата, нема основа за зголемување на цената на лебот


 Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот. Според Бесими, најавите за […]

Спасовски: Ќе направиме сѐ за да ја одржиме динамиката на промена на личните документи


МВР ќе направи се за да може да се одржи динамиката на промена на личните документи и граѓаните да немаат никаков проблем во делот на патувањата и остварувањето на правата што ги имаат, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски за време на денешната посета на граничниот премин „Богородица” во одговор на новинарско прашање […]

Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија


Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија, а полициски службеници ќе бидат присутни пред, за време и по наставата во двете смени, соопшти денеска српското  Министерство за образование. Освен во училишните дворови, ќе се зголемат полициските патроли и во близина на училиштата, а ќе се контролира и регулира безбедноста во сообраќајот, […]

Османи од Шпанија: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ


„Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за ЗБ. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод “, порача министерот за надворешни работи […]

Ковачевски- Зеленски: Македонија продолжува да ја помага Украина сè додека е потребно


  Во рамки на посетета на Атина, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.   На средбата, премиерот Ковачевски ја нагласи континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите […]

Од утре попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер


УХМР најавува дека и натаму продолжува периодот на многу топло време со активно жолто ниво на опасност од висока температура. Но, од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер […]

Трамп ќе им се предаде на властите во Џорџија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, против кого се водат четири кривични постапки, в четврток ќе им се предаде на властите во Џорџија. По кривичното обвинение против бившиот американски претседател Доналд Трампво врска со обидот за изборна измама, надлежниот суд во американската сојузна држава Џорџија му одреди кауција од 200.000 долари. Во актуелните четири кривични постапки […]

Европа има недостиг на контролори на летање


 Европа се соочува со недостиг на меѓу 700 и 1.000 контролори на летање, како резултат на недоволната заинтересираност на младите за оваа професија која ја каракреризираат постојани обуки и наобразби, нефлексибилно работно време и прекувремена работа. Според извршниот потпретседател на Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање, Фредерик Дело, главна причина за недостигот на […]

ЕСМ со 100 милиони евра заем од ЕБОР ќе ја забрза „зелената“ транзиција


Поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори, е целта на заемот вреден 100 милиони евра што го обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ. Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии. Заемот е со рок […]

Расте листата на белгиски криминалци во бегство


 Белгија во светот е позната по своето чоколадо, пивото, вафлите и… криминалците, наведува весникот „Брисел Тајмс“, потенцирајќи дека листата на осомничени белгиски кримналици во бегство расте од година во година. По дел од нив белгиските власти активно трагаат, што ги става на листата на „најбарани криминалци“, кои најчесто се обвинети за убиство или за кривични […]

Во Албанија пристигна последниот автомобил што го користел кралот Зогу


Последниот автомобил што албанскиот крал Ахмет Зогу го користел во Франција и Египет, пред својата смрт, пристигна во Албанија. Во јавноста се објавени снимки од автомобилот како влегува во Албанија преку пристаништето Драч, на коишто се гледа старото возило „Ровер“ од лимитирано производство, направен 1949 година. Автомобилот бил користен од кралот Зогу до неговата смрт во […]

Фото со Надал и Федерер во солзи ја освои Светската награда за спортска фотографија


Во спортската фотографија, сликата често оди подалеку од само фаќање момент; ткае наратив кој резонира не само со способностите на спортистите, туку и со емоциите со кои ние самите како гледачи можеме да се поврземе. Во неверојатно отстапување од конвенционалната спортска фотографија, победникот на годинешната Светска награда за спортска фотографија, направена од Неха Ганеривал, ги […]

Вучиќ: Српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на Северна Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од други, јави дописникот на МИА од Белград. -Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти […]

ЕСМ подготвена за грејната сезона, цената на парното ќе се знае во септември


АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек, очекуваме да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети на АД ЕСМ ќе бидат ставени во функција, рече денеска директорот на ЕСМ, Васко Стефанов. Тој очекува во почетокот или средината на септември да […]

Лајен го поздрави поднесувањето на уставните измени: Северна Македонија припаѓа во ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен го поздрави поднесувањето уставните измени: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, напиша таа во објава на Твитер. Good exchange with PM @DKovachevski. I welcomed his government’s tabling of the Constitutional amendments in Parliament. I hope all parties will support it, to move forward on North Macedonia’s European path. […]

Кејт Мидлтон носи високи потпетици во три различни големини, еве зошто


Од година во година, Кејт Мидлтон привлекува внимание со изборот на обувки. Понекогаш, всушност, се чини дека салонките на нејзините омилени дизајнери Џанвито Роси, Еми Лондон и Џими Чу и стојат беспрекорно, а друг пат може да се види дека избраните чевли изгледаат прилично удобно, иако често се модели со висина на потпетица од околу […]