Спасовски: Ќе направиме сѐ за да ја одржиме динамиката на промена на личните документи


МВР ќе направи се за да може да се одржи динамиката на промена на личните документи и граѓаните да немаат никаков проблем во делот на патувањата и остварувањето на правата што ги имаат, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски за време на денешната посета на граничниот премин „Богородица” во одговор на новинарско прашање изјави дека ќе направат се што е во интерес на граѓаните и дека тие не треба да се грижат  дека можеби не ќе можат да искористат некое право заради тоа што немаат лични документи.

– Ќе ги направиме сите потребни активирања на капацитетите и ресурсите коишто ги имаме. Најважно е да бидеме сите на ниво на својата одговорност што ја имаме, и како граѓани и како институции, и целиот овој процес да се заврши на соодветен начин. Јас и вчера кажав, ние веќе имаме променети еден милион на лични документи, така што имаме добра динамика, рече Спасовски.