Ќе се реактивира лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Тирана


Од новата академска 2023/2024 година повторно ќе функционира Лекторатот по македонски јазик при Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Веста ја  соопшти претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај. – Ова е историски ден за нас Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромна радост и  задоволство да информирам дека добивме позитивен одговор на барањето […]

Kомандир на полициска станица пукал со автоматско оружје на веселба


Пратеникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на Твитер објави видео на кое се гледа како човек пука со автоматска пушка од балкон на кој е истакнато турско знаме. На објавеното видео се слуша гласна музика, од што може да се заклучи дека станува збор за некаква веселба. Во објавата […]

Трамп од четвртокот заработил 7,1 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика


 Изборниот штаб за претседателската кампања на Доналд Трамп соопшти од четвртокот до сега се собрани 7,1 милиони долари, односно откако беше фотографиран во затворот во Џорџија. Како што се наведува од неговиот штаб, најголем дел од парите се собрани од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, шолји и термоси. Трамп во четвртокот […]

Од почетокот на инвазијата врз Украина Русија ја напуштиле речиси милион граѓани


Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани. Како објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.⁠ Вториот бран почнал во септември кога претседателот […]

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода


Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода на цела територија на државата. Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци појаснува дека климатските промени ја направија штетата на производите. Високите температури и дождови се  причина за појава на болести и штети на земјоделските култури. Забележува  дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, […]

Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на Струшките вечери на поезијата


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, академикот Влада Урошевиќ, директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски, претседателката на управниот одбор на фестивалот,  Елизабета Шелева, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Димитар Башески и добитник на наградата „Мостови на Струга“ на УНЕСКО за дебитантска книга, Гавин Бредли, информираат од […]

Лога разговарал со швајцарскиот државен обвинител за валканите пари на политичарите


Министерот за правда, Кренар Лога, остварил разговор со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер. „Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија,  Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци […]

МНР се правда по информациите дека фирма донатор на ДУИ добила тендер за министерска конференција


МНР се огласи со соопштение по информациите дека фирма блиска до ДУИ, која воедно се јавува и како донатор, добила тендер за адаптација на СЦ Борис Трајковски во конференциска сала. Станува збор за градежната фирма „Еуровиа“ од Желино која конкурирала за  преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерската конференција на ОБСЕ која ќе се […]

Пригожин и официјално мртов, потврдила ДНК анализата


Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи. На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, […]

Главната опозициска партија на Зимбабве не ги признава резултатите од изборите


Главната опозициска партија во Зимбабве, Граѓанска коалиција за промени, не ги признава изборните резултати од претседателските избори во земјата, кои странските набљудувачи ги оценија како недоволно слободни и фер, а со кои актуелниот претседател, Емерсон Мнангагва, го освои вториот мандат, јави ДПА. Претседателот Мнангагва (80) обезбеди нешто помалку од 53 отсто од гласовите на претседателските […]

Со членството во ЕУ за земјоделството се отвора пазар од преку 500 милиони потрошувачи


Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи, порача денес Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. -Европската Унија преку мерките од ИПАРД 3 програмата досега, има издвоено вкупно 217 милиони […]

Ангажирани два полициски хеликоптера поради разгорување на пожарот кај Ајватовци


Поради разгорување на пожарот кај Ајватовци на два крака, два полициски хеликоптера се вклучени во гасење на пожарот кај Ајватовци, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој исто така вели дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, […]

Ковачевски се сретна со преставници на македонската дијаспора во Словенија


Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска и утре учествува на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на македонската дијаспора во градот Копер при што порача дека нашата дијаспора придонесува за афирмација на земјава на различни полиња. На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со […]

БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија


Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград. Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат […]

Лекцијата од Пригожин за Трамп: Не верувај му на Путин


КИИВ – Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Вивек Рамасвами му се придружи на поранешниот претседател Доналд Трамп во верувањето дека има добра волја да се склучат договори со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е став што го зазеде минатиот декември и францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја имаше можноста за преговарање за безбедносните гаранции за […]

Путин им нареди на Вагнеровци да му се заколнат на верност


Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на борците од групата Вагнер да потпишат заклетва за верност на руската држава по смртоносната авионска несреќа за која се верува дека загина Евгениј Пригожин, водачот и финансиер на платеничката група. Путин го потпиша указот за воведување на промената со непосреден ефект доцна во петокот, откако Кремљ рече дека […]

Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик


Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, […]

Тројца маринци загинаа, а 23 се повредени при урнувањето на американски воен авион во Австралија


Тројца американски маринци загинаа, а 23 се повредени во урнувањето на американскиот воен авион Ви-22 Оспреј“ (V-22 Osprey) во океан на 60 километри од градот Дарвин во северна Австралија за време на заеднички воени вежби меѓу двете земји. Петмина повредени со хеликоптер се пренесени во болница. Несреќата се случила на островот Мелвил, дел од архипелагот […]

Брако-Грин машинс потпиша договор со најголемата американска компанија за изнајмување на машини и опрема


Компанијата ќерка на Брако, Грин машинс и американскиот гигант Јунајтед ренталс потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД и Канада. „Јунајтед ренталс во македонските возила препозна можност за на американскиот пазар да нуди висок квалитет кој е на ниво на светските конкурентски […]

„Еуровиа“ која го доби тендерот од МНР за конференцијата на ОБСЕ е најголем донатор на ДУИ


Градежната фирма „Еуровиа дооел“ од тетовско Желино, која за 1,8 милиони ќе го преадаптира Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерската конференција на ОБСЕ, лани била најголем донатор на владејачката ДУИ. „Еуровиа“ го доби тендерот од Министерството за надворешни работи и го склучи договорот на 21 август откако понудила далеку најниска цена што било и единствен […]