Од почетокот на инвазијата врз Украина Русија ја напуштиле речиси милион граѓани


Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.

Како објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.⁠

Вториот бран почнал во септември кога претседателот Путин најави „делумна мобилизација“ , а очајните млади момчиња „побрзаа“ на граничните премини за да го избегнат регрутирањето. 

Тешко е да се утврди прецизната скала на емиграцијата предизвикана од војната, а Кремљ, што не е изненадување, не објавува податоци за тоа.

Според анализата на Економист, која се повикува на организацијата Мрежа за анализа и политика, проценките наведуваат дека од февруари 2022 година Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.

Ова е најголемиот поединечен егзодус предизвикан од политички пресврти од 1920 година досега.