Изгаснат пожарот во Зелениково, вчера регистрирани 26 пожари на отворено


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изутринава нема активни пожари.  Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото. Вчера имаше вкупно 26 пожари на отворено, а завчера 30. Најсериозен беше пожарот што избувна завчера во Ајватовци […]

Каде летуваат Русите?


Подгорица- Само во првата половина од годината Шпанија ја посетиле повеќе од 150.000 туристи од Русија кои потрошиле 274 милиони евра, односно 1.768 евра по глава, колку што е приходот за кој Црна Гора како туристичка дестинација може да сонува годинава, пишува „Дан“ од Подгорица. Успехот на овогодинешната туристичка сезона во Црна Гора се уште […]

Индискиот ровер испрати податоци дека температурата на јужниот пол на Месечината е 70 степени


Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој со леталото и беше доставен на Месечината како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината, бидејќи измери температура од 70 степени Целзиусови, додека досега се мислеше дека може да биде помеѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската […]

Верниците денес го слават празникот Успение на Пресвета Богородица


Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28 август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус […]

Во Кина со недели врне пороен дожд: Можни се геолошки катастрофи


Пекинг – Кинеските метеоролози денеска предупредија неколку кинески провинции да очекуваат лизгање на земјиштето и поплави во следните два дена, додека обилните врнежи паѓаат со недели. Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани во северозападната провинција Хунан во текот на викендот, бидејќи обилните дождови паднаа во окрузите Сангџи, Шимен и Јонгшун и градот Жанџијаџи, објавија државните […]

Пентагон стравува дека сателитите на Маск станале тајно оружје на Русија


Скандалот околу последното лансирање на американските сателити Старлинк преку ракетата „Фалкон 9“ се шири не само во САД, туку и надвор од нејзините граници. Исчезнувањето на 40 од 49 сателити на овој систем не е само несреќа, тоа е неуспех на геополитички план. Официјално, компанијата „SpaceX“ објави дека електрониката на сателитите се прегреала поради геомагнетната […]

Трендот на доделување државјанства на Руси во Србија продолжува и во 2023 година


Од десет српски пасоши издадени на странски државјани во 2023 година, речиси шест отишле кај руски државјанин. Ова го покажува анализата на Радио Слободна Европа (РСЕ). Така, трендот на доделување српско државјанство на руски државјани од 2022 година продолжи и во 2023 година. Во анализата се вклучени само оние државјанства што ги доделува Владата на […]

Летонија се пласираше во втората фаза на Светското кошаркарско првенство, Франција елиминирана


Џакарта – Репрезентацијата на Летонија денес ја совлада селекцијата на Франција (88:86) и обезбеди пласман во второто коло на Светското првенство во 2023 година. Франција, која важеше за еден од фаворитите пред почетокот на турнирот, доживеа втор пораз во два меча и ја загуби шансата да ја продолжи борбата за титулата. На првиот натпреварувачки ден Французите […]

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!


Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Автор: Малинка Ристевска – Јорданова Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот […]

„Бездомните“ животни во Истанбул – хармонија во секојдневниот живот, без напади и изживување


Истанбул– Пеколен летен ден во Истанбул. Бегство од сончевите зраци наоѓаме во најблиското продавниче за вода. За разлика од Македонија, во градот на Босфорот пречекот на муштеријата е изненадувачки. Покрај продавачот, речиси во секое дуќанче има барем по една мачка или куче. Испружени покрај тутунот и наргилето на полиците на киосци, распослани по подот во […]

Сончево и многу топло, кон крајот на денот пороен дожд


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 28 август 2023 година, 240-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 125 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 19 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Мишел: Целосна поддршка за иницијативата за уставни амандмани и покрај политичките предизвици


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на својот профил на Твитер (X) по вечерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици. Мишел го пофали лидерството и решеноста на Северна Македонија и премиерот Ковачевски да напредува во реформската агенда на […]

Средба Ковачевски-Мишел во Блед: Да се искористи оваа неповторлива шанса


Посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од страна на ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, било истакнато на вечерашната билатерална средба […]

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“- спуштена завесата на престижниот фестивал


Наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва беа врачени на Мостот на поезијата во Струга со што свечено се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на […]

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум


Во живописното место Блед под алпите и кај истоименото езеро, туристичка атракција во Словенија, привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски.  Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб на која […]

Приведен командирот на полиција што пукаше со автоматско оружје на свадба


Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност  Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, […]

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем


Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.  Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, […]

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково


Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното  противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума. Од ЦУК велат […]

Странски турист се удави попладнево во Охридското Езеро


Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум. Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија. Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.