Ковачевски: ЕУ да смогне сили да го стави проширувањето како приоритет


Членството во Европската Унија во 2030 година е остварлива цел. Треба да дадеме се од себе во смисла на реформите,  а очекувам дека ЕУ ќе најде и смогне сили да го стави проширувањето на својата приоритетна листа, порача премиерот Димитар Ковачевски на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум што вчера и денеска се одржува на […]

Словенија пак ја погоди силно невреме – паѓаше град со големина на јајце


Љубљана- Силно невреме придружено со обилни врнежи го зафати денеска западниот дел на Словенија и доведе до прекин на електричната енергија и поплави во некои делови од земјата. Град со големина на јајце падна во Ајдовшчина и Штењело, јавува 24.ур. Пожарникарите интервенирале поради поплави на подрачјето на Томлин, Нова Горица, Сежана, Загорје об Сава, Лашко, […]

Брнабиќ од Блед : Дајте ни датум, нашата иднина е во ЕУ


Блед – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на панелот на лидери во рамки на Бледскиот стратешки форум изјави дека во Србија владее голем евроскептицизам, поради фактот што нашата земја повеќе од 20 години чека на членство во ЕУ. „На луѓето од Западен Балкан им значи дури и да започнат преговори, дури и ако тоа […]

Холивуд се свртува кон сајтот Камео за да заработи дополнителни пари


Лос Анџелес- Холивудските актери и другите работници во забавната индустрија сè почесто отвораат сметки на сајтот Камео за да заработат дополнителни пари. Штрајкот на работниците во филмската индустрија започна на 14 јули, а оттогаш повеќе од 2.400 работници во филмската индустрија повторно ги отворија сметките на Камео или се приклучија на сајтот, рече шефот на […]

Елтон Џон хоспитализиран по падот во домот во Франција


Ница- Елтон Џон е итно хоспитализиран во неделата вечерта откако колабирал во својата вила во Ница. Музичката легенда (76) била префрлена на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите. Портпаролот на Елтон Џон потврдил за PageSix дека тој бил отпуштен денеска рано наутро и сега е […]

Блед: Ковачевски пречекан од премиерот на Словенија Голоб и вицепремиерката Фајон


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на отворањето на Бледскиот стратешки форум, во Блед беше пречекан од премиерот на Република Словенија Роберт Голоб и вицепремиерката и министерка за надворешни работи Тања Фајон. На Бледскиот стратешки форум годинава присутните лидери и учесници на панелите ќе се обидат да дадат различни перспективи во однос […]

Стартува ЕП во одбојка, Скопје меѓу градовите домаќини


 Со натпреварот меѓу кодомаќинот Италија и Белгија денеска почнува 33. Европско првенство за одбојкари на кое на картата домаќини меѓу осумте градови е и Скопје. Скопје е домаќин на групата Ц во која противници на македонската одбојкарска репрезентација се селекциите на Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска. Воведниот натпревар на ЕП македонските одбојкари ќе […]

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Северна […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“. Премиерот Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум денеска ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, […]

Повредените од експлозиите во Романија се лекуваат во пет европски земји


Брисел – Вкупно 12 лица повредени при двете експлозии на станицата за течен нафтен гас (ТНГ) во местото Креведија, во близина на романскиот главен град Букурешт во саботата, се пренесени на лекување во болници во Белгија, Италија, Австрија, Германија и Норвешка, во рамки на Механизамот за цивилна заштита на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија. Како што […]

Османи: Процесот за уставни измени ќе заврши успешно


Блед – Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден  оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци.  -Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните […]

Постигнат е договор за изградба на нуклеарна централа во Албанија


Тирана – Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра. -Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски […]

Мобилниот телефон на убиецот од Градачац е испратен во Германија на отклучување


Сараево– Мобилниот телефон на Нермин Сулејмановиќ, троен убиец од Градачац, бил испратен во Германија со цел истражителите да ја добијат содржината на телефонот. Ова е направено затоа што во Босна и Херцеговина нема софтвер за отклучување. На 11 август, Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер. Убиството […]

Париз од 1 септември го укинува изнајмувањето на електрични тротинети


Париз– Оваа недела Париз ќе стане еден од ретките градови во Европа со целосна забрана за изнајмени електрични тротинети, пишува CNN. Досега, три компании со лиценца за управување со електрични тротинети во француската престолнина – Lime, Dot и Tier – потврдија дека ќе ги отстранат до 1 септември. Трите компании имаа комбинирана флота од приближно […]

Млади и богати Американци највеќе се селат на Флорида, па во Тексас


Вашингтон – Младите и богатите Американци повеќе не се врзани за Њујорк и Калифорнија, а нивната нова омилена дестинација за живот е Флорида, покажува најновото истражување на Smart Asset. Како што пренесува CNN, истражувањето следело Американци на возраст меѓу 26 и 35 години, кои според податоците од даночната администрација во 2021 година, заработуваат најмалку 200.000 […]

ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра


Брисел – По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, […]

Силно невреме ги погоди Шпанија и Италија – има големи штети (видео)


Силно невреме во неделата го зафати југот на Европа и предизвика голема материјална штета.   Во Шпанија силен ветер и обилни дождови го погодија пристаништето Палма на островот Мајорка. Невремето, кое избувна во неделата наутро, собори бројни дрвја, предизвика поплави и ја оштети коридата во градот Феланикс. Поради невремето со грмотевици, сообраќајот е во прекин […]

ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Бледскиот стратешки форум ќе изјави дека Европската унија треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, објави „Фајненшл тајмс“. Според британскиот весник, Мишел ќе каже дека ЕУ мора да се позанимава со проширувањето како еден од главните предизвици. Дводневниот Бледски стратешки форум денеска ќе […]

Алиу од Словенија: Треба да се искористат сите можности што ги нуди дигиталната трансформација


Блед- Треба да се искористат сите можности што ги нуди дигиталната трансформација. Дигиталната трансформација е многу важна и ние заедно мораме да понудиме повеќе можности и помош за нашите народи, како на билатерален така и на регионален план, користејќи ги можностите коишто ги нуди дигиталната трансформација, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, […]

Одрони го прекинаа железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија 


Париз – Поради одрон на неколку големи карпести блокови во долината Морин, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија, а има и проблеми со патниот сообраќај. Официјалните лица најавија дека затворањето ќе трае најмалку до среда, пренесува весникот „Фигаро“. Камените блокови со приближна површина од 700 метри квадратни почнаа да се одронуваат вчера околу […]