Млади и богати Американци највеќе се селат на Флорида, па во Тексас


Вашингтон – Младите и богатите Американци повеќе не се врзани за Њујорк и Калифорнија, а нивната нова омилена дестинација за живот е Флорида, покажува најновото истражување на Smart Asset. Како што пренесува CNN, истражувањето следело Американци на возраст меѓу 26 и 35 години, кои според податоците од даночната администрација во 2021 година, заработуваат најмалку 200.000 долари годишен прилагоден бруто приход (AGI), или 185.000 евра.

Во даночниот систем на САД, AGI е вкупниот бруто приход на поединецот намален за одбитоците. Флорида е сојузната држава која најмногу ги привлекува младите и богатите, бидејќи во 2021 година тука се населиле 3.391 богати Американци помлади од 35 години, а заминале 1.216 млади богаташи, што значи дека Флорида примила 2.175 млади луѓе со високи примања, пренесува Танјуг.
На второ место е Тексас со 4.048 нови млади и богати граѓани и 1.909 кои ја напуштиле оваа сојузна држава, додека државата Њу Џерси го зазеде третото место.