Мобилниот телефон на убиецот од Градачац е испратен во Германија на отклучување


Сараево– Мобилниот телефон на Нермин Сулејмановиќ, троен убиец од Градачац, бил испратен во Германија со цел истражителите да ја добијат содржината на телефонот. Ова е направено затоа што во Босна и Херцеговина нема софтвер за отклучување.

На 11 август, Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер. Убиството на Низама го пренесуваше во живо на Инстаграм. Подоцна изврши самоубиство/

Инспекторите најпрво го однеле мобилниот телефон до ладилникот каде што било телото на убиецот со цел да го скенираат неговото лице и да го отклучат уредот. Телото на Сулејмановиќ се уште е во фрижидер и семејството не сака да го закопа.

Сараевските медиуми пишуваат дека софтверот потребен за пристап до податоците на мобилниот телефон на Сулејмановиќ чини 134.000 евра и дека неговото купување не е исплатливо бидејќи продолжувањето на лиценцата мора да се плаќа годишно.

Отклучувањето на мобилниот телефон е апсолутно неопходно за продолжување на истрагата и ќе чини 5.000 евра, велат оттаму. Инспекторите веруваат дека мобилниот телефон крие одговори на прашањата на кого му се јавил Сулејмановиќ ноќта пред масакрот, кој го информирал каде се крие Низама, со кого соработувал и со какви криминални активности се занимава.

Исто така, се верува дека ќе дознаат кој бил рекетарот во Градачац и кој го штител во полициските и правосудните органи.