Галичник филм фестивал: Гран при за турскиот филм „Заедно, сами“ 


Со синоќешното прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории, свечено беше затворен 4. Галичник филм фестивал. Бројната публика  уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји, кои може да се видат од 4 до 6 август. За организаторте Дарма филм, оваа година фестивалските денови  беа уште побогати со содржини,  зголемен […]

ОМО „Илинден„-Пирин: За 10 дена Бугарија успеа да дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани


ОМО Илинден-Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за како што велат „добрососедската“ земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави. -Уште нетргнати, се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски […]

Се продава вилата во Франција каде младиот ЏФК научил да плива во олимпискиот базен


Луксузната вила која порано беше во сопственост на семејството Кенеди, влезе на пазарот за приближно 35 милиони долари (31,5 милиони евра). Домот од 1920-тите, дизајниран од францускиот архитект Жак Куел, е круна на имот од 44 хектари во селата на Азурниот брег – полн со изобилство од маслинови дрвја и цветни градини. Вилата, формално позната […]

Во Словенија пронајден удавен маж во септичка јама


Поплавите во Словенија по силното невреме кое во четвртокот ја погоди земјата однесоа уште еден човечки живот. Безживотно тело на маж било пронајдено вчерa вечера во областа Мост во општината Коменда, јавуваат словенечките медиуми. Според словенечката радиотелевизија ова е четврта жртва како последица на силните поплави што ја зафатија земјата. Како што се наведува, во […]

Продолжува растот на работни места во ТИРЗ, 900 нови вработувања од почетокот на годинава


Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Заклучно со јули бројот на работни места е зголемен за 14 отсто во однос на истиот период лани и достигна над 17.150. Тоа, како што покажува анализата, е за 20 отсто повеќе […]

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари


Москва – Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од […]

За десет години околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ


Тирана – Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани. Овој […]

Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар


Атина – Големиот пожар што вчера избувна во близина на Лимасол во јужниот дел на Кипар и превентивно беа евакуирани неколку села, рано утрово е ставен под контрола, а земјата побара помош, како од соседните држави, така и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на Противпожарната служба на […]

Новиот сој на корона вирус регистриран во 36 земји ширум светот


 Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.  Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел. Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува […]

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати


Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели. Покрај убиените во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 […]

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан. -Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне […]

Мура и Сава соборија рекорди


Реката Сава во Хрватска, синоќа го  собори рекордот на нивото на водата, по неколкудневните невремиња со силен дожд и поплавниот бран кој стигна од Словенија. Нивото на водата утрово запре на 878 сантиметри, а последните две мерења стагнираа. Мурата во Мурски Средишќ утринава го собори и рекордот од 2010 година со водостој од 543 сантиметри, […]

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари


 Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од друга […]

Секоја секунда се активираат три нови веб-страници


 Со преку милијарда активни интернет-страни ширум светот, секоја секунда се отвораат три нови страници. Според тоа, во светот се создаваат 175 страници секоја минута, 10.500 секој час, 252.000 дневно, а активно се користат 18 отсто од нив (речиси 202 милиони страници). „Гугл“, „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Х“ (Твитер) се најпосетуваните страни на интернет. Врз основа […]

Нигер го затвора воздушниот простор поради „закана од интервенција“


Ниамеј – Воените власти на Нигер објавија дека го затвориле воздушниот простор на земјата, предупредувајќи дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на „енергичен и итен одговор“. -Соочени со заканата од интервенција, која станува се појасна со подготовката на соседните земји, воздушниот простор на Нигер е затворен од недела… за сите авиони до понатамошно известување, […]

Во Џеда заврши состанокот посветен на Украина со ветување за продолжување на разговорите


Џеда – Украинската дипломатска иницијатива продолжи овој викенд кога претставници од повеќе од 40 земји се собраа во Џеда, Саудиска Арабија, за да се обидат да го пронајдат патот кон мировни преговори меѓу Русија и Украина. Русија не беше поканета, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти разговорите ќе доведат до самит подоцна […]

Измамени Германци туристи во Шпанија платиле 1.000 евра за такси


Мадрид – Семејство од Германија кое летувало на шпанскиот остров Гран Канарија, платило 1.000 евра за такси со коешто го обиколиле хотелскиот комплекс и стигнале до плажата, пренесува списанието „Феникс“. Според наводите, тоа возење траело три часа, а таксистот наводно претходно им рекол дека им нуди „бесплатно искуство“ да го видат хотелскиот комплекс бидејќи тоа […]

Од денеска засилени контроли на патиштата во Србија


Белград – Сообраќајната полиција во Србија од денеска 7 август до понеделник 14 август ќе ја засили сообраќајната контрола на патиштата, јавија српските медиуми. Таа акција ќе биде насочена кон контрола на брзината на движење на возилата. За време на акцијата што се спроведува истовремено во 30 европски земји членки на организацијата ROADPOL (мрежа на сообраќајната […]

Бугарскиот премиер денеска ќе одговара на прашања на Фејсбук


Софија – Бугарскиот премиер Николај Денков денеска на Фејсбук од 10:30 до 11:30 часот (по локално време) ќе одговара на прашања на граѓаните и медиумите. Причината е – два месеца од стапувањето на функција премиер, соопшти владината прес-служба, јави БТА. Прашања до Денков може да се постават и за време на директниот пренос и однапред да […]

Аљаска: Поплави од стопен глечер уриваа куќи како кула од карти


Властите во Џуно, Алјаска, издадоа вонредна декларација бидејќи поплавата на глечерското езеро предизвика хаос во близина на градот, каде што се уништени структури. Поплава од излив на глацијално езеро се случува кога ќе се скрши брана што содржи леднички езеро. Според Националната метеоролошка служба, поплавите уништија неколку објекти долж реката Менденхол. Два домови се изгубени, […]