Бајден: Односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“ за време на разговорите во Лондон со британскиот премиер Риши Сунак, јавува Би-Би-Си. Сунак ги поздрави Обединетото кралство и САД како „двата најсилни сојузници“ во НАТО. Тие, исто така, разговараа за потегот на САД да и дадат на Украина контроверзни […]

Прво четвртфинале во Вимблдон за Медведев


Лондон – Се радувам на својот следен дуел и се надевам дека ќе го прикажам најдоброто од себе, порача попладнево рускиот тенисер Данил Медведев, откако прв пат во кариерата избори пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот во Вимблдон. Третиот светски рекет избори место меѓу осумте најдобри тенисери во Вимблдон откако Чехот Јиржи Лехечка го предаде […]

Утре ќе нема вода кај Зелен пазар


Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на булевар „Кочо Рацин“ бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

За два месеца на Охридското Езеро одземени 126 рибарски мрежи со 219 парчиња улов


– Во изминатите два месеци полициски службеници во водите на Охридското езеро пронашле и одзеле 126 рибарски мрежи во должина од 2.800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект […]

Австралиски набљудувачки авион ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина


 Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека Австралија во Германија ќе распореди авион за набљудување, како мерка за поддршка на Украина. Авионот ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Киев. Авионот И-7 A „Вечтеил“ (Wedgetail) во Германија ќе биде шест месеци и ќе вклучува и до 100 членови на екипажот […]

Република Српска прогласи вонредна состојба


Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума. Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба. Владата на Република Српска оваа одлука ја донесе на телефонска седница. Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена.

„Северна Македонија во фокусот“ со шест филма на 30. Фестивал на европскиот филм на Палиќ во Суботица


Белград – Во рамки на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм на Палиќ, кој ќе се одржи од 15 до 21 јули во Палиќ и Суботица, ќе бидат претставени селекциите „Северна Македонија во фокусот“ и „Новиот унгарски филм“, јави дописникот на МИА од Белград. Во селекцијата „Северна Македонија во фокусот“ на програмата ќе бидат прикажани шест […]

Од среда портокалова фаза, температури над 40 степени


Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. Утринската температура […]

Драстично намален морскиот мраз на Антарктикот


Женева – Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец беше на рекордно ниско ниво, објави Светската метеоролошка организација (СМО), што експертите за климатски промени го сметаат за загрижувачки. СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот во јуни, кој беше најтоплиот месец досега, е најниско од почетокот на сателитскиот мониторинг – 17 отсто под […]

Кралот Чарлс Трети го прими Бајден во замокот Виндзор


Лондон- Кралот Чарлс Трети (74) му посака добредојде на претседателот на САД Џо Бајден (80) во замокот Виндзор. Иако двајцата се сретнаа претходно, настанот беше значаен како прва формална средба на кралот Чарлс со американскиот претседател за време на неговото кралско владеење. Покојната кралица Елизабета се сретна со 13 од 14-те актуелни американски претседатели за […]

Хуркач покажа сила, но Ѓоковиќ „на искуство“ обезбеди ново четвртфинале во Лондон


Лондон– Најтрофејниот тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето од Вимблдон, откако го совлада Полјакот Хурбет Хуркач со вкупни 3-1 во сетови. Дуелот помеѓу Србинот и Полјакот траеше два дена, откако вчера судијата го прогласи „полицискиот час“ на неколку минути пред полноќ. Ѓоковиќ на паузата имаше предност од 2-0 во […]

Владата и синдикатите се договорија: Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, ќе има и К-15


Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат регрес од 10 илјади денари, којшто од 2024 година ќе изнесува 30 проценти од просечната нето плата од […]

Италија ќе издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ


Рим– Италијанската влада најави дека планира до крајот на 2025 година да издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ, известува Телеграф. Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони. Оваа година веќе се издадени преку 80.000 работни […]

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра


„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски […]

Зошто во Клиничка болница Штип најмногу се расипуваат компјутерската томографија и магнетната резонанца?


Магнетната резонанца и дигиталниот рентген апарат кои им служат на пациентите во штипската Клиничка болница во моментов се надвор од функција. Вредните и скапи апарати се расипани подолго од еден месец и тоа е проблем како за докторите уште повеќе и за пациентите. -Поправките мора да одат на тендер, таков е законот, за рентген апаратот […]

Кина влегува во дефлација


  Годишните производни цени во Кина паднаа деветти месец по ред во јуни, додека потрошувачките цени беа непроменети, покажаа официјалните податоци во понеделникот, што ја нагласува длабочината на предизвиците што тежат на втората по големина економија во заживување на побарувачката и заживување на растот. Податоците за инфлацијата во понеделникот ги надминаа очекувањата на пазарот, нудејќи […]

Скопјанец тепал поранешната девојка во лифт во Аеродром


Во неделата, во 19 часот 36-годишна жена пријавила дека околу 16.30 часот во лифт од зграда на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од А.И.(42) од скопско, со кого порано биле во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истрага против уште едно лице за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејства на кривичното дело грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 3 март, заедно со уште две други лица, против кои веќе се води […]

Столтенберг: Вечерва разговарам со Ердоган, ќе се обидеме да најдеме решение за Шведска


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска. -Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со […]

Шолц контра Ердоган за приемот на Шведска во НАТО


Берлин– Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нема врска меѓу преговорите за членство на Турција во ЕУ и влезот на Шведска во НАТО, како што тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Тоа не треба да се гледа како поврзана тема, нагласи Шолц на прес-конференција во Берлин, навремено коментирајќи го неочекуваниот услов што го постави […]