Столтенберг: Вечерва разговарам со Ердоган, ќе се обидеме да најдеме решение за Шведска


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска.

-Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, еден ден пред дводневниот самит на НАТО.

Тој додаде дека вечерва ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер за да се обиде уште еднаш да најде решение.

-Напорно работиме Шведска да стане членка што е можно поскоро, додаде Столтенберг.