Хуркач покажа сила, но Ѓоковиќ „на искуство“ обезбеди ново четвртфинале во Лондон
Лондон– Најтрофејниот тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето од Вимблдон, откако го совлада Полјакот Хурбет Хуркач со вкупни 3-1 во сетови.
Дуелот помеѓу Србинот и Полјакот траеше два дена, откако вчера судијата го прогласи „полицискиот час“ на неколку минути пред полноќ. Ѓоковиќ на паузата имаше предност од 2-0 во сетови, и двата ги доби во „тај-брејкот“, 7-6/6 и7-6/6.

Денешната етапа понуди повеќе возбуда за навивачите на Хуркач кој одлично влезе во продолжението и успеа да го освои третиот сет со 7-5. Осумнаесеттиот тенисер во светот направи „брејк“ на последниот сервис на Ѓоковиќ, прикажа одличен тенис и покажа дека заслужено котира високо на АТП-листата.
Полскиот тенисер се понадева дека ќе може да стигне до изненадување и враќање на 2-2, но искуството на Ѓоковиќ се покажа како пресудно и вториот тенисер на светот го завери последниот сет со резултат 6-4.
Четвртфиналната фаза ќе ни понуди неколку навистина интересни дуели, а најголемо внимание ќе предизвика сигурно мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Русинот Андреј Рубљев. Српскиот тенисер ја продолжи низата без пораз на централниот терен на Вимблдон, а последен пат беше совладан пред десет години.