Австралиски набљудувачки авион ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина


 Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека Австралија во Германија ќе распореди авион за набљудување, како мерка за поддршка на Украина. Авионот ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Киев.

Авионот И-7 A „Вечтеил“ (Wedgetail) во Германија ќе биде шест месеци и ќе вклучува и до 100 членови на екипажот и персоналот за поддршка од Австралија. Набљудувачкиот авион нема да влезе во украинскиот, рускиот или белорускиот воздушен простор.

Авионот И-7 A „Вечтеил“ е опремен со комбинација на радар за надзор со голем опфат, секундарен радар и тактички системи, за да обезбеди рано предупредување и воздушно надгледување, соопштија австралиските вооружени сили.

Албанезе утре ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Литванија. Австралија беше поканета да учествува бидејќи, заедно со Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја е партнер на Алијансата од Индо-пацифичкиот регион, Австралија е партнер на НАТО од 2014 година, учествувајќи во операциите на Алијансата во Авганистан и во Ирак. Австралиските власти соопштија дека Австралија постигнала договор за нова тригодишна програма за партнерство.