НЛБ Банка им оддаде признание на спортистите од Специјална олимпијада на Македонија


Во чест да ги прослави медалите на специјалните олимпијци, денеска НЛБ Банка организираше заедничко дружење со тимот на Специјална олимпијада-Македонија кој од неодамна одржаните Светски специјални олимписки игри во Берлин се врати со пет освоени медали, потврдувајќи дека кога се има силна воља и посветеност не постојат граници. „За нас, секој еден член, претставник од […]

МЗ: Раскинат договорот за новата штипска болница, следува тендер


Договорот со изведувачот „ИНТРАКАТ“ за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада, информираат попладнево од Министерството за здравство. – Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена […]

Хари Стајлс е уште една жртва на бизарен напад на сцена


Виена- Хари Стајлс е најновата жртва на бизарно однесување на публиката, објавија таблоидите пренесувајќи дека пејачот бил погоден со непознат предмет во текот на концертот во Виена во саботата. Настапот е во рамките на неговата турнеја Love on Tour. Негови фанови споделија кусо видео на социјалните мрежи на која се гледа како Сталјс (29) се движи […]

Нова средба за платите во јавниот сектор, синдикатите оптимисти дека ќе се најде решение


Синдикалните претставници кои пристигнаа во Министерството за финансии на средба со владиниот тим, не знаат дали денеска ќе се постигне некакво решение околу зголемувањето на платите и методологијата. Како што изјавија пред состанокот, тие повторно ќе ги пренесат ставот и барањата во делот и на моделот и на покачувањето на платите. Не знаат колку ќе […]

Медведев се заканува дека ќе нападне три украински нуклеарни централи и нуклеарни постројки во Европа


Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се закани дека Русија ќе нападне три украински нуклеарни централи и нуклеарни постројки во Источна Европа, доколку се потврди наводниот обид на украинските вооружени сили да ја нападнат АЕЦ Смоленск во Русија со „ракети на НАТО“.  „Доколку се потврди обидот за напад на нуклеарната централа Смоленск (во […]

10 јули во историјата – Почна Битката за Британија


  На 10 јули 1940 година, Германците го започнуваат првото од долгата серија бомбардирања на Велика Британија, кога започнува Битката за Британија, која ќе трае три и пол месеци. По окупацијата на Франција од страна на Германија, Британија знаеше дека е само прашање на време кога моќта на Оската ќе го сврти својот нишан преку […]

Литванија, воочи Самитот на НАТО, цел на кибернапади


Вилнус – Литванија, еден ден пред Самитот на НАТО во Вилнус, е цел на кибернапади, соопштија властите на балтичката држава. Кибернападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз. Литванскиот Национален центар за кибербезбедност соопшти дека соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери. Центарот објави […]

Анкара ќе го поддржи влезот на Шведска во НАТО доколку ЕУ повторно ги отвори преговорите со Турција


Истанбул– Анкара ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО доколку Европската унија (ЕУ) повторно ги отвори преговорите за членство на Турција во ЕУ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Прво, да го отвориме патот за Турција да влезе во ЕУ, а потоа ќе го отвориме патот за Шведска, како што направивме за Финска“, […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од 18.30 часот до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул. „Христијан […]

Бугарскиот притисок во ЕУ на дното од грижите на македонските граѓани


  Последната анкета на ИРИ покажува политичката агенда на партиите околу пренагласената приказна за притисокот на Бугарија во ЕУ околу македонската евроинтеграција е во дискрепанца со размислувањата на грѓаните. На прашањето „кој е најважниот проблем со кој се соочува Македонија денес“ (како и втор проблем) „бугарскиот притисок во ЕУ интеграциите“, се најде дури на 13-то […]

Премиерот Ковачевски преводи владина делегација на Самитот на НАТО


Премиерот  Димитар Ковачевски на 11 и 12 јули ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на  Македонија на Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, Литванија. Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Ковачевски ќе учествува на состаноците на шефови на држави и […]

СПАК побара одземање на пратеничкиот мандат и апсење на поранешниот албански вицепремиер Ахметај


 Албанското Специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, го комплетира обвинението против поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај и денеска достави официјален допис до Собранието за одземање на пратеничкиот мандат. – СПАК поднесе барање за да добие дозвола од Собранието за апсењето на Ахметај, кој е под истрага за аферата со инсинератори. Против него се поднесени […]

Нова платформа за пристап до финансии


Тимот од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст денеска ја презентираше петгодишната програмата за работа и новата Платформа за пристап до финансии. На презентацијата присуствуваа претставници на компании, организации за поддршка на бизниси, Министерството за економија, Стопанската комора, бизнис акцелератори, консултанти и останати чинители на приватниот и јавниот сектор. Присутните имаа можност да се […]

Арсовска со поддршка за Мазнева: Не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, на прес-конференција, затоа што имала храброст да излезе во јавност откако детектирала неправилности во претпријатието и постапила како ниту еден маж досега. „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза. Застанувам во целосна одбрана на Косана Мазнева затоа […]

Кривичен за Миле Јанакиески: Притворот се пресметува само за конкретното казнено дело


  Кривичниот суд денеска ги расчисти дилемите кои се појавија во стручната јавност по спроведувањето на Миле Јанакиески во затворот „Идризово“, велејќи дека во казната затвор биле пресметани деновите што тој ги поминал во притвор за конкретното дела за кое е правилно осуден – во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Кривичен суд вели дека таа […]

Одложено јавното наддавање за имотот на фирмата ДЕНА, за кое алармираше и австрискиот амбасадор


 Во канцеларијата на кавадаречкиот извршител Ангел Костадиновски, денеска не се одржа закажаното јавно наддавање на имот лоциран во Богданци, случај за кој алармираше и амстрискиот амбасадор Георг Вуцас. Како што беше кажано од извршителот, аукцијата беше одложена деведесет дена, со решение на Основен суд Гевгелија.   Аукцијата е одложена бидејќи австриската фирма побарала одлагање, а […]

Советот за општи работи на ЕУ ја одобри Одлуката за макрофинансиска помош за земјава од 100 милиони евра


Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ на денешното заседание во Брисел ја одобри Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина. За одлуката за исплаќање на макрофинасиската помош […]

Никола Груевски е пак попопуларен од Христијан Мицкоски


  И во најновата анкета на ИРИ направена во мај оваа година, а објавена денеска (спроведена од „Брима“), поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, има повеќе поддршка од актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски. Во анкетата на ИРИ од октомври оваа година изненадувачки на врвот на листата на луѓето на кои […]

Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија


Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница, остана без три органи: бубрег, матка и јајник. На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство но тој не дојде поради годишен одмор. Веапоска видно вознемирена и разочарана, рече нема никакви […]

Ќерката на Кери Грант вели дека холивудската легенда „не флертувала со мажи“ 


Лос Анџелес- Безвременскиот убав изглед и обемната филмографија на Кери Грант го направија трајна тема на фасцинација за холивудските научници и за случајните гледачи на филмови. Додека неговите соработки со луѓе како Алфред Хичкок и Хауард Хокс остануваат едни од најпопуларните филмови во американската кинематографија, неговиот личен живот продолжува да инспирира исто толку фасцинација како […]