10 јули во историјата – Почна Битката за Британија


 

На 10 јули 1940 година, Германците го започнуваат првото од долгата серија бомбардирања на Велика Британија, кога започнува Битката за Британија, која ќе трае три и пол месеци.

По окупацијата на Франција од страна на Германија, Британија знаеше дека е само прашање на време кога моќта на Оската ќе го сврти својот нишан преку Ламанш. И на 10 јули, 120 германски бомбардери и ловци го погодија британскиот бродски конвој токму во Ламанш, додека уште 70 бомбардери нападнаа инсталации на пристаниште во Јужен Велс.

Иако Британија имаше многу помалку ловци од Германците – 600 на 1.300 – таа имаше неколку предности, како што е ефективен радарски систем, што ги правше неверојатни изгледите за германски прикраден напад. Велика Британија, исто така, произведе супериорен квалитет на авиони. Нејзините „спитфаери“ беа поефикасни од германските „месершмит 109“, што ќе им овозможуваше подобро да ги избегнат прогонувачите. Германските ловци со еден мотор имаа ограничен радиус на летот, а на нивните бомбардери им недостасуваше капацитетот за бомби неопходен за да трајно уништување на нивните цели. Британија, исто така, ја имаше предноста на унифициран фокус, додека германските внатрешни борби предизвикаа погрешни чекори во тајмингот; страдаа и од слабо разузнавање.

Но, во првите денови на битката, на Британија ѝ требаа итни две работи: колективна вкочанета горна усна – и алуминиум. Беше упатена молба од владата да сео предаде целиот расположлив алуминиум на Министерството за производство на авиони. „Ќе ги претвориме вашите тенџериња и тави во ‘спитфаери’ и ‘урагани’“, објави министерството. И тие го направија тоа.