На Табановце се чека околу 30 минути


На граничниот премин Табановце утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за влез во земјава е околу 30 минути.  Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Томислав Османли добитник на кинеска книжевна награда


Томислав Османли за српското издание на романот „Брод. Конзархија”  е еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс „Zheng Nian Cup” 2023 распишан од Музејот на литературата за свесност во Пекинг. Српското издание на „Брод. Конзархија”  е во издание на „Агора“ од Нови Сад и во превод на Сашо Огненовски. Во […]

„М“ на Вардан Тозија го преполни паркот на МКЦ на отворањето на „Синедејс“


Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „М“ на Вардан Тозија, синоќа е отворен 22-от Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS. „Овој филм го посветувам на тие неколку мои луѓе кои прерано заминаа и не дочекаа да ја видат премиерата. Се надевам дека од некаде гледаат и се смешкаат. […]

Сончево и многу топло, до 42 степени, УВ индекс 10


Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 јули 2023 година, 195-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 170 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ЕУ тројка: Ќе направиме сѐ што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија


  Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и  Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес-конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има […]

ВМРО-ДПМНЕ ги повтори познатите ставови на средбата со европската министерска тројка


  Тројцата министри за надворешни работи, на Австрија, на Чешка и и на Словачка, денес на врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група им ги претстави европските ставови околу уставните измени и преговарачката рамка на средба во Собранието, што претходно јавно ги соопшти. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, партиските претставници им соопштителе на Александар шалемберг, Јан […]

Препознајте ги главните симптоми на висок холестерол


Високиот холестерол е сè поголема и почеста грижа за возрасните ширум светот. Ако не се лекува, може да предизвика големи здравствени компликации, па препознавањето на знаците и редовното следење е клучно за целокупната благосостојба. Д-р Лора Перди, американска лекарка и психолог, понуди совети на кои важни симптоми на висок холестерол треба да внимавате. Што е […]

Тридс достигна рекордни 100 милиони корисници: Но, колку всушност ја користат апликацијата?


Веќе првиот ден, Threads забележа рекордни 70 милиони регистрации од корисници, додека по пет дена имаше повеќе од 100 милиони. Седум дена по лансирањето, апликацијата има над 109 милиони регистрирани корисници, како што проценува QuiverQuant. Доколку растот продолжи со ова темпо, бројот на регистрации на корисници би можел да надмине 200 милиони пред крајот на […]

Танцувањето за време на бременоста ја намалува постпородилната депресија


Тим кинески лекари и научници заклучиле дека пренаталната физичка активност, особено танцувањето, може да помогне во ублажување на постпородилната депресија. „Помеѓу различните видови вежбање, танцувањето беше најефикасно за намалување на постпородилната депресија“, велат истражувачите. Сепак, советот е да не танцувате сами откако ќе ги облечете чевлите за танцување. Истражувачите откриле дека пренаталната групна или тимска […]

Скопјани нападнале пожарникар додека гасел пожар


Интервентната полиција привела две лица кои физички нападнале пожарникар што гасел пожар во Скопје. Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје, затоа што околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна […]

Бектеши: Имаме значаен напредок во процесот на декарбонизација


И покрај енергетската криза што ја зафати не само Северна Македонија, туку и целиот свет, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор се еден од главните приоритети на Владата, со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија, како и придвижување кон зелена економија. Во изминатите неколку години Владата направи неколку реформи во енергетскиот сектор со што […]

Францускиот парламент одобри значително зголемување на воените трошоци поради војната во Украина


Францускиот парламент денеска одобри зголемување на воените трошоци за милијарда евра поради руската војна во Украина и брзо растечките глобални закани, објавија американските медиуми. Претседателот Емануел Макрон се заложи за поголем буџет за кој ќе бидат употребени 413 милијарди евра, што е најголемото зголемување на трошоците во последниот половина век. Макрон тврдеше дека зголемувањето е […]

Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет


Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.  Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи […]

Бајден: Путин веќе ја изгуби војната во Украина


 Американскиот претседател Џо Бајден одржа заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во Хелсинки. Тој рече дека конфликтот во Украина не би требало да трае со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе ја изгубил војната, пишува Си-Ен-Ен. „Не постои никаква можност тој да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“, рече […]

„Макстил“ добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија, по повод 101 годишнината на комората, денеска ја врачи наградата за зелена агенда на „Макстил“ АД Скопје. Делегацијата во состав Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за зелена агенда на генералниот директор на „Макстил“ АД […]

Алкараз призна дека татко му го шпионирал Ѓоковиќ


Лондон- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз игра одлично во последно време и делува дека ќе биде незапирлив во иднина ако продолжи вака. Алкараз утре во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Данил Медведев, но неговиот татко веќе заминал да го шпионира Новак Ѓоковиќ, кој е фаворит за титулата. „Најверојатно е вистина. Мојот татко е голем тениски […]

Македонија од идната година ќе издвојува два отсто од БДП за одбраната


Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека Македонија следната година ќе го исполни стандардот на НАТО и ќе достигне распределба на два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната. „Среднорочната проекција на буџетот предвидува дека во 2024 година трошоците за одбрана ќе бидат два отсто од БДП. Така ќе биде и следната година“, рече Ковачевски […]

Најголемата година за музика во живо досега, но не и на Балканот


Тејлор Свифт и Бијонсе се само дел од многуте ѕвезди кои неодамна го поттикнаа растот на пазарот на музички турнеи додека побарувачката за музика во живо дожувува нов бум по повеќегодишните откажувања и одложувања предизвикани од пандемијата, пренесува Агенцијата „Франс прес“ (АФП). Од Пинк до Колдплеј до Дрејк, стадионите низ Соединетите Американски Држави и пошироко се подготвуваат […]

Рама: Нападот врз Курти е срамно однесување, што е на штета на Косово


Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради  физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница. Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“. – Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш […]