Шведскиот Врховен суд ги отфрли барањата на Турција за екстрадиција на двајца мажи за кои води потрага


Стокхолм – Шведскиот Врховен суд ги отфрли барањата на Турција за екстрадиција на двајца мажи кои таа ги бара, тврдејќи дека делото за кое се обвинети дека го извршиле не е кривично дело во оваа скандинавска земја. Лицата за кои станува збор, кои се бегалци во Шведска, не можат да бидат вратени назад во Турција, […]

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба


За време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“ по локалниот пат до селото Галичник ќе важи посебен сообраќаен режим со ограничено движење на моторни возила во сабота и во недела. Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и […]

Меџити: Со „Брако“ се договоривме спогодбено, ќе се постапува по три болници


Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека деновиве имале средба со претставници на компанијата „Брако“ за договорот за изградба на модуларни болници. Од планирани десет, три се изградени од нивна страна. Договорено е, како што рече, за трите да платиме со цел да не се оштети буџетот на државата, да ги тргнеме каматите и така […]

Ветерoт и сончевата енергија ќе произведуваат повеќе од една третина од глобалната енергија до 2030 година


Енергијата на ветерот и соларната енергија се на пат да сочинуваат повеќе од една третина од изворите на електрична енергија до 2030 година, според денеска објавениот извештај на американскиот институт „Карпести планини“ („Rocky Mountain“). Султан ал-Џабер, претседател на следниот самит на ОН за климата КОП28, повика оваа година тројно да се зголеми производството на енергија […]

Проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ ќе се реши, најави Меџити


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза ќе биде решен, но додека стигне лекот, како што рече, треба да се почитуваат процедурите и законите. Смета дека лекот би стигнал до пред Нова година и додаде дека ќе се потрудат да биде тоа што […]

Кинески хакери упаднаа и во „Мајкрософт“, Стејт департментот реагираше


Кинеските државни хакери од мај тајно пристапувале до налозите за електронска пошта на околу 25 организации, вклучувајќи ги Стејт департментот, Министерството за трговија и „Мајкрософт“. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД „многу брзо“ откриле што се случува и дека успеале да спречат натамошен хакерски продор. Меѓу хакираните налози е […]

Голем пожар во Далмација, се евакуираат жители


  Пожарот што избувна денеска околу 11 часот во близина на Шибеник, сѐ уште не е под контрола силните налети на ветерот и се шири кон југ. Зафатил и станбени згради, а штабот за цивилна заштита одлучил евакуираните жители да ги смести во спортската сала „Балдекин“. Како што информираат од „Слободна Далмација“, изгореле и пет […]

Топлотниот бран „Кербер“ зафати големи делови од Европа


Лондон – Топлотен бран зафаќа делови од јужна Европа и северозападна Африка, со потенцијал за соборување на рекордни температури во наредните денови. Се очекува температурите да надминат 40 Целзиусови степени во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јавува Би-Би-Си. Во Италија температурите би можеле да достигнат речиси 49 степени, а во 10 градови, […]

Дојава за бомба во Основниот суд во Лесковац – сите вработени евакуирани


Во Основниот суд во Лесковац денеска околу 13 часот е добиена анонимна дојава за бомба, поради што сите вработени се евакуирани, потврдија за „Бета“ во СВР Лесковац. „Во тек е контрадиверзантско вештачење, сите се евакуирани, па сè уште немаме информации дали се работи за лажна дојава“, велат од лесковачката полиција. Во таа зграда во центарот на […]

Ахмети на средба со европската министерска тројка


Претседателот на Демократска Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети се сретнал со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влачовски, во рамки на нивната официјална посета на нашата земја. Главна тема на која разговарале на средбата, како што соопштија денеска од ДУИ, бил европскиот пат на […]

Граѓанска обврзница купиле 1.283 граѓани, уплатени 1,4 милијарди денари, двојно повеќе од понудата


Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии. „Интересот беше голем за овој нов […]

Почна петдневен штрајк на британските лекари


 Во Велика британија денеска почна петдневен штрајк на повеќе десетици илјади лекари, што веќе е оценет како најдолг штрајк досега во британското здравство. Помладите лекари, кои се на почетокот на нивните кариери, утринава го почнаа штрајкот стоејќи во редици пред болниците во Англија. Британската медицинска асоцијација (БМА), синдикат на лекарите, побара зголемување на платите за […]

Советот на Град Скопје наложи редовно миење на улиците и дезинфекција околу контејерите


 Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и […]

Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот


Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од […]

На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании


Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович. – Добивме понуда за речиси 16 […]

Вечерва со изложбата „Супстрати“ во Париз се афирмира културната програма на „Отворен Балкан“


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во Париз каде што со министерките за култура на Албанија и на Србија, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, вечер, во 18:30 часот, во Културниот центар на Србија  ќе се обрати на отворањето на изложбата „Супстрати“. Изложбата се реализира под покровителство на министерствата за култура на Северна Македонија, на Србија […]

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела


 В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и […]

Мицкоски ќе бил навреден ако тројцата министри зборуваат само за уставните измени


  Уште пред да се сретне со нив лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска порача дека ќе бил навреден ако тројцата министри од ЕУ, на средбата со него ќе зборуваат само на темата уставни измени. „Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин […]

ЕП ги одобри плановите за зголемување на производството на муниција


 Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент. Актот е усвоен со 505 гласови „за“, 56 „против“ и 21 „воздржан“. Актот и вклучително финансирање од 500 милиони евра ќе овозможи зголемување на производствениот капацитет на ЕУ со цел […]

„Враќање кон иднината“ – во Скопје почна со работа најголемата е-книжарница


Под слоганот „враќање кон иднината“, вчеравечер (12 јули), со коктел-забава на терасата на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, беше означен почетокот на работата на најголемата е-книжарница во нашата земја www.literatura.mk. На новиот сајт, кој е повеќе од книжарница, понудени се повеќе од 6.500 книги од 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. […]