Дојава за бомба во Основниот суд во Лесковац – сите вработени евакуирани


Во Основниот суд во Лесковац денеска околу 13 часот е добиена анонимна дојава за бомба, поради што сите вработени се евакуирани, потврдија за „Бета“ во СВР Лесковац.

„Во тек е контрадиверзантско вештачење, сите се евакуирани, па сè уште немаме информации дали се работи за лажна дојава“, велат од лесковачката полиција.

Во таа зграда во центарот на градот е сместено и Основното обвинителство.