Тридс достигна рекордни 100 милиони корисници: Но, колку всушност ја користат апликацијата?


Веќе првиот ден, Threads забележа рекордни 70 милиони регистрации од корисници, додека по пет дена имаше повеќе од 100 милиони. Седум дена по лансирањето, апликацијата има над 109 милиони регистрирани корисници, како што проценува QuiverQuant.

Доколку растот продолжи со ова темпо, бројот на регистрации на корисници би можел да надмине 200 милиони пред крајот на следната недела.

Сепак, во пресрет на овој голем успех, останува нејасно колку корисници на Threads се постојано активни на платформата. Мета не можеше да ја потврди оваа информација.

Поради ова, се поставува прашањето дали Threads е навистина „убиецот“ на Twitter, како што многумина го опишуваат или овој успех е краткотраен.

Забележано е дека некои корисници ја напуштиле платформата и се вратиле на Твитер набргу откако создале сметка на Threads. Ова им предизвика проблем – тие не можат да ги затворат своите нови сметки на Threads освен ако не се подготвени да ги жртвуваат своите профили на Инстаграм во исто време.

Причината е што двете платформи се испреплетени – постоечкиот профил на Инстаграм се користи за креирање на сметка на Threads, а Мета сè уште нема развиено метод за нивно раздвојување.

Threads е апликацијата која најбрзо стигна до првите 100 милиони корисници. Така, на Twitter му требаа пет години за ова достигнување, на Facebook му беа потребни четири и пол години, а на WhatsApp три години.

Instagram стигна до своите први 100 милиони корисници две и пол години по неговото лансирање, додека ChatGPT го направи тоа по два месеци.