Скопјани нападнале пожарникар додека гасел пожар


Илустрација (Фото: Независен)

Интервентната полиција привела две лица кои физички нападнале пожарникар што гасел пожар во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје, затоа што околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.