Танцувањето за време на бременоста ја намалува постпородилната депресија


Тим кинески лекари и научници заклучиле дека пренаталната физичка активност, особено танцувањето, може да помогне во ублажување на постпородилната депресија.

„Помеѓу различните видови вежбање, танцувањето беше најефикасно за намалување на постпородилната депресија“, велат истражувачите.

Сепак, советот е да не танцувате сами откако ќе ги облечете чевлите за танцување. Истражувачите откриле дека пренаталната групна или тимска физичка активност е исто така ефикасна.

Постпородилната депресија може да биде „значајна закана за јавното здравје“, велат истражувачите, проценувајќи дека 90 отсто од заболените не добиваат никаков третман за постпородилна депресија, која, иако проценките варираат од земја до земја, може да влијае на 6 до 10 жени по породувањето. 

На трудниците им се препорачува танц со умерен интензитет, со лесни движења.

Наодите, опишани како мета-анализа на речиси 3.000 жени и вклучувајќи 26 студии, беа објавени во медицинското списание PLOS и се засноваат на работа на тим од кинескиот универзитет во Вухан.