„Лајка“ заловува во Гази Баба


Од ЈП Лајка информираат дека од денеска (31.јули 2023) заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба. – Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. […]

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ вечерва на „Охридско лето“


 Дваесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ го носи соло-концертот на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ. Брилијантната виртуозност, природниот талент и бескрајната имагинација се особините кои на виолинистот Роман Симовиќ му овозможуваат кариера која го носи низ целиот свет, на некои од најзначајните концертни подиуми како „Карнеги Хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ , салата „Марински“ во […]

Во тек е исплатата на пензиите за јули


Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се […]

Малопродажен синџир планира „експлозија на цени“: „Сакаме да предизвикаме ценовен шок“


Од понеделник, 31 јули, синџирот Пени планира „експлозија“ на цените на одредени производи. Овој малопродажен синџир најавува дека виенските колбаси „винер вирстхен“ наместо 3,19 ќе чинат 6,01 евро, органскиот јогурт од 1,16 ќе поскапи на 1,56 евра. Станува збор за експеримент со кој Пени сака да им даде до знаење на клиентите која е реалната […]

Пума нападна дете во национален парк во САД, извршена е евакуација


Осумгодишно момче е полесно повредено во напад со пума во Олимпискиот национален парк во државата Вашингтон, соопшти Службата за национални паркови. Нападот се случил во петокот вечерта, а пумата се откажала од нападот откако мајката на момчето почнала да вика, пренесува NBC. Повредите биле полесни, па момчето било примено во болница само на преглед. Вработените […]

Судија ја отфрли тужбата на Трамп против Си-Ен-Ен од 425 милиони долари


  Федерален судија ја отфрли тужбата на Доналд Трамп за клевета од 475 милиони долари против Си-Ен-Ен, во која поранешниот претседател тврдеше дека описот на мрежата за неговите тврдења за изборна измама како „голема лага“ го поврзува со Адолф Хитлер. Во пресудата доцна во петокот вечерта, американскиот судија Рааг Сингал, кој беше номиниран од Трамп […]

ЕК предложи измени во правилата за безбедност на детските играчки


Европската комисијата предложи Регулатива за безбедност на играчките со која се ревидираат сегашните правила за заштита на децата од потенцијални ризици предизвикани од детските играчките. Како што соопшти Еврокомисијата, иако играчките што се продаваат на територијата на ЕУ и сега се меѓу најбезбедните во светот, целта на овие измени е дополнително да се заштити безбедноста […]

Жена во Мостар паднала од карпите на Неретва и починала – ги гледала скоковите од мостот


  Педесет и петгодишна жена од Мостар починала синоќа во Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“, откако вчера била тешко повредена при пад од карпите на реката Неретва, јавува „Дневни аваз“. По падот итно била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани повеќекратни скршеници. Како последица на тешките физички повреди, настанале компликации поврзани со нејзината здравствена […]

Вечерва редок небесен спектакл: Следниот нè чека дури за 14 години


Вечерва нѐ очекува вистинско астрономско уживање. Имено, ноќта на 1 август ќе се појави првата августовска супермесечина, а само 30 дена подоцна втората полна месечина, позната како „сина месечина“. Покрај тоа, во ноќта на 1 август, кога изгрева супермесечината, и Меркур и Марс ќе бидат видливи на небото, што не се случува многу често. Ако […]

Илјадници луѓе евакуирани во Пекинг поради тајфунот Доксури


Пекинг ги забележа најобилните врнежи оваа година, откако тајфунот Доксура денеска го зафати кинескиот главен град, принудувајќи на евакуација околу 31.000 луѓе, објави државната телевизија CCTV. Силен дожд продолжува да паѓа во Пекинг, како и во Хебеј, Тијанџин и Шанкси, откако Доксури се надви над северна Кина, објави Државната метеоролошка управа (ЦМА). Ветровите околу центарот […]

Се трага по 30-годишен маж: Се капел во езерото кај браната Глажња и исчезнал


Спасувачките служби трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната Глажња, по што му се изгубила трага. Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р.. Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото. […]

Нови пожари во Грција, превентивно евакуирани села


Шумски пожар изби доцна синоќа во северозападниот дел на грчкиот остров Хиос, а во текот на ноќта беше побарано од жителите на две села, превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово засилени се силите што учествуваат во гаснењето на пожарот и интервенираат 90 пожарникари со шест пешадиски тима, 18 возила, […]

Истражување на Пју: Американците ја гледаат Кина како најголема закана за САД


Речиси 50 отсто од Американците сметаат дека Кина е земјата која претставува најголема закана за САД, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју. Истовреме, само 17 отсто од американските граѓани ја навеле Русија како најголема закана, додека четири отсто од нив сметаат дека ниту една земја не претставува сериозна закана за САД. Речиси два отсто од […]

Започна извлекувањето на запалениот брод со автомобили на холандскиот брег


Товарниот брод со илјадници автомобили на холандскиот брег и натаму гори, а неговото извлекување за да се спречи еколошка катастрофа започна во текот на вчерашниот ден, но беше откажано поради ветерот, соопштија властите, додавајќи дека пожарот на бродот е со намален интензитет. Извлекувањето започна во попладневните часови, речиси пет дена по избувнувањето на пожарот, соопшти […]

Груби: Оставките на ДУИ од Владата го отворија патот на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните промени


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во македонската Влада Артан Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7 изјави дека одлуката за оставки на министрите од редовите на неговата партија – Демократската унија за интеграција (ДУИ) се во функција на интеграциите на Северна Македонија во Европската унија, јави дописникот на […]

Усман Дембеле се согласи да се пресели во ПСЖ


Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле може да ја продолжи кариерата во ПСЖ, тврди новинарот Фабрицио Романо.   Според Романо, 26-годишниот Французин се согласил да се пресели во парискиот клуб. Пари Сен-Жермен е подготвен да му понуди на Дембеле петгодишен договор.   Дембеле минатата сезона забележа 35 настапи за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола […]

Суданскиот конфликт го загрозува рецептот за Кока-Кола


  Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан. Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој […]

Во Битола завршува Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“


Со доделување награди и признанија за најдобрите ансамбли, инструменталисти и етнокореграфи, во Битола завршува 53. издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Во чест на наградените на платото пред битолскиот Офицерски дом ќе се одржи Вечер на интернационална музика и игра на која ќе настапат ансамбли и фолклорни групи од Србија, Бугарија, […]

Данска сака да ги ограничи демонстрациите поврзани со сквернавење на Куранот


Данската Влада соопшти дека сака да ги ограничи сите нови демонстрации поврзани со сквернавење на Куранот поради загриженост за безбедноста. Истакнувајќи дека од ваквите демонстрации екстремистите имаат корист и сеат поделеност, владата планира да ја „истражи“ можноста за интервенирање во ситуации „каде, на пример, други земји, култури и религии се навредени и кои би можеле […]

Илон Маск го реактивираше „Х“ профилот на Кање Вест


Социјалната мрежа „Х“ – поранешен „Твитер“ му го врати профилот на американскиот рапер Је (Кање Вест), речиси осум месеци откако тој објави слика со нацистички кукаст крст споен со еврејската Давидова ѕвезда. Је нема да може да заработува од својот профил и нема да се појавуваат реклами до неговите објави, како што пренесе „Волстрит журнал“. […]