„Лајка“ заловува во Гази Баба
Од ЈП Лајка информираат дека од денеска (31.јули 2023) заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба.
– Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. Втората недела од стратешкото заловување (07-11.август) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, велат од Лајка.