Лагард: Еврозоната се доближува до проектираната инфлација од два отсто


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата. „Очигледно е дека монетарната политика почна да влијае врз намалувањето на инфлацијата. Тоа може да се види од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од […]

Украина ќе се консултира со САД за безбедносни гаранции


Украина следната недела ќе почне консултации со САД за безбедносните гаранции за Киев до крајот на процесот за пристапување во НАТО, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. – Почнуваме преговори со САД следната недела, напиша Јермак на Телеграм. Тој додаде дека безбедносните гаранции за Украина ќе бидат „конкретни и долгорочни обврски […]

Измените на Законот за ДДВ пред собраниската Комисија за европски прашања


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за европски прашања ќе ја продложи 59. седница на која преостаната точка на дневниот ред е Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данок на добивка, во скратена постапка. Како што стои во образложението, целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на […]

Протест на косовските новинари поради одземањето на дозволата на ТВ Клан Косова


Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ги повика медиумските работници да се приклучат на денешниот протест во косовската престолнина против намерата на властите да ѝ ја одземат дозволата за работа на телевизијата Клан Косова, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот под мотото „Демократијата умира во мрак“ ќе се одржи на главниот плоштад во центарот […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV индексот ќе биде […]

Промоција на 23. класа потпоручници на Воената академија


Во Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на 23-та класа питомци во чин потпоручник. Како што најавија од МО, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна […]

По масовен грабеж во дел од Нигерија прогласен полициски час


Полициски час синоќа е воведен во североисточна Нигерија каде стотици жители ограбија огромни продавници и јавни капацитети за складирање храна, соопштија локалните власти. Тинејџерите кои живеат на улица почнаа да ограбуваат, но набрзо им се придружија стотици жители кои влегоа во продавниците и магацините за храна, земајќи сè што можеа, особено жито. Полицијата соопшти дека […]

Пукање во Мичиген, петмина ранети од кои двајца во критична состојба


Петмина биле ранети, двајца од нив во критична состојба како резултат на пукање во неделата наутро во шопинг центар во Ленсинг, сојузна држава Мичиген. Според претставници на полицијата, петмината настрадани, кои биле однесени во болница, се млади луѓе на возраст од 16 до 26 години. Оттаму велат дека на местото на настанот биле задржани неколкумина […]

Двајца туристи од Хонг Конг се изгубиле во кањонот Матка, пронајдени преку бројот 112


Двајца туристи од Хонг Конг се изгубиле во кањонот Матка во регонот на манастирот „Свети Никола Шишевски“ по што се пронајдени од тим од полициската станица Сарај преку Единствениот број за итни случаи 112. Повикот за помош е примен денеска во 18:10 часот преку мобилен телефон без картичка. На англиски јазик тие го информирале вработениот […]

Зеленски: Војната доаѓа во Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека „војната“ постепено се враќа во Русија откако три беспилотни летала беа соборени над Москва, напад во кој руските власти соопштија дека едно лице е повредено. – Војната постепено се враќа на територијата на Русија – во нејзините центри и воени бази и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер […]

Африканските лидери им се заканија на пучистите во Нигер дека ќе ги тргнат со сила


Западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС им се закани на пучистите во Нигер дека ќе им воведат санкции или ќе употребат сила против нив доколку не го вратат соборениот претседател Мохамед Базум на власт во рок од една недела.       Регионалните лидери на состанокот во главниот град на Нигерија Абуџа изјавија дека казнените мерки против […]

Приведен 56-годишник во Пехчево за полов напад над неговата внука


Од МВР информираат дека  56-годишник од пехчевско е уапсен вчера поради сомнение дека извршил полов напад над неговата внука. Од Министерството велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава. – На 29.07.2025 во 19.05 часот полициски службеници го лишиле од слобода У.К.(56) од пехчевско поради постоење основи на сомнение дека извршил полов […]

Двата коња што угинаа во скопската Зоолошка градина биле ретки животни од Монголија


Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалски, цврсто градени коњи со помала висина. Станува збор за многу ретки и скапи животни по потекло од Монголија кои во Скопје биле донесени од Австрија, а на скопската Зоолошка градина и биле донирани од компанијата „Сафари Македонија“. По веста за угинувањето на […]

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час


Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа оставките на ДУИ, молчи за измените на Уставот


ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа оставките на министрите на ДУИ, но не спомнува уставни измени, туку само избори, барајќи практично тие да станат неотповикливи – без да ги исполни условите што се бараат од неа.   Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот […]

Над 40 лица загинаа во експлозија пред политички митинг во Пакистан


Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во експлозија за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми.  „Експлозијата се случила околу 17:00 часот по локално време, еден час пред почетокот на настанот во племенскиот кварт Бајаур, кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан“, […]

Маркуш: Сега е последниот воз за ЕУ


Сега е последниот воз што Северна Македонија мора да го искористи, бидејќи друга алтернатива за останување на европските патеки не постои, истакнува во изјава за МИА словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, кој денеска беше во посета на Делчево. Ова, според него, било јасно кажано и на последната средба на тројцата министри во рамки на таканаречениот трилатерален […]

Демонстранти ја запалија вратата на француската амбасада во Нигер


Поддржувачите на воената хунта која ја презеде власта во Нигер денеска одржаа протестен марш и ја запалија влезната врата од зградата на француската амбасада. Демонстрантите шетаа по улиците на главниот град Ниамеј, веејќи руски знамиња и извикувајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин во знак на протест против поранешната колонијална сила Франција. Нигериската армија […]

Повторно пожар во Гоцева шума, постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца


Повторно има пожар во Гоцева шума кај Неготино. Постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца, изјави попладнево за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Оваа спомен шума гореше и вчера, а на терен гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, по што беше ставен под контрола.  Стојанов апелираше на совесност и внимателност во услови на високи […]

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе важат откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени


 Министрите од ДУИ поднеле оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.  – Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките,  автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата […]