Муралот на Боркo Лазески е привилегија, аманет и е важен дел од меморијата на старо Скопје


  Многу е важно нашето историско, културно и институционално паметење да го актуелизираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски. Во обраќање по повод одбележувањето на 60-годишнината од земјотресот во Скопје, Пендаровски, на настан посветен на покренување иницијатива за возобновување на муралот на Борко […]

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури


 Мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури ќе важат и утре и задутре (26 и 27 јули). Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои соодветни мерки и препораки со важност за следните два дена, а со цел намалување на ризиците од високите температури […]

Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец


Одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки, е донесена денеска на седница на Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со […]

Владата ја разгледа информацијата за концесиите за „Иловица“, повеќе информации на прес конференција


 Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија. […]

Осум мажи прогласени за виновни за терористичките напади во Брисел во 2016


  Осум мажи се прогласени за виновни за убиство и обид за убиство за нивната улога во терористичките напади во Брисел во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Тие го вклучуваат Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна во Франција за неговата улога во терористичките напади во […]

Истражување: Полните 40 години? Брзата храна и невежбањето се исто штетни како пушењето цигари


Ако полните 40 години и пушите, прекумерно консумирате алкохол или опиоиди, имате добри шанси да не доживеете осум или девет децении. Ова можеби не е новост, но долгорочното истражување на речиси 720.000 американски воени ветерани покажа дека лошите животни навики се најлоши, барем меѓу поранешните војници, кои имаат поголема веројатност да страдаат од состојби како […]

Ќе инвестираме уште повеќе во беспилотни летала и сопствено производство на дронови, вели Вучиќ


Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека денешната показна вежба на припадниците на Војската на Србија на Пасуљански ливади била многу добра и најави нови инвестиции во воена опрема, особено во беспилотни летала, јави дописникот на МИА од Белград. -Целта на денешната вежба беше координација меѓу беспилотните летала и позициите за гаѓање на […]

Пожар кај Трогир, ветер разгорува оган кај Дубровник


Загреб – Во Сегет кај Трогир попладнево се разгоре пожар кој го гасат три противпожарни единици-Трогир, Каштела и Сплит, но силниот ветер ја отежнува акцијата, јавија хрватските медиуми. Како што соопшти хрватското Министерство за одбрана, во гаснењето на пожарот во Сегет Горњи учествуваат три канадери. Пожарот во Сегет Горњи кај Трогир, кој избувна денеска попладневните […]

САД повторно станаа членка на УНЕСКО


Париз – Соединетите Американски Држави, по речиси петгодишен прекин, повторно станаа членка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Официјалната церемонија на подигање на американското знаме се одржа во седиштето на организацијата во Париз, на која присуствуваа генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле, првата дама на САД, Џил Бајден и првата дама […]

Се заканувале дека ќе ѝ го убијат синот кој е во затвор, па барале пари


Вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Р.(40) од село Черкезе, кумановско и Б.Ш. (34) од Куманово. Тие барале од 62-годишна жена од Куманово да им даде пари, уценувајќи ја со закани по животот кон нејзиниот син кој бил во казнено-поправна установа. Двете лица биле задржани во полициска станица […]

Загинаа двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија


Атина– Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинаа откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија,  јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на […]

Потврдена инфекција со вирусот МЕРС во ОАЕ


Абу Даби– Едно лице во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е позитивно тестирано на МЕРС или Блискоисточен респираторен синдром, соопшти Светската здравствена организација. Нов случај на МЕРС, познат и како МЕРС-КоВ, бидејќи е вирус од семејството на коронавирус, е регистриран во Ал Аин, дел од Абу Даби, но се уште не е познат изворот на заразата. […]

Тони Бенет беше крал на дуетите, еве зошто


Лос Анџелес– Легендарниот пејач, кој почина на 96 години, беше познат по неговите дует-албуми со платинаст тираж, добитници на Греми, во кои беа вклучени сите – од Леди Гага и Ејми Вајнхаус до Арета Френклин и Барбра Стрејсенд. Леди Гага Леди Гага го отфрли оптимистичкиот, електронски танцов звук што ја направи популарна да работи со […]

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје


Судскиот Совет денеска избра вкупно 25 судии за повеќе основни судии како и за Основен Кривичен суд – Скопје. По првиот Оглас од Службен весник на РСМ бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола и тоа судиите Петар Чаловски, Елена Жоровска и Горан Димовски. Во Основниот суд Свети Николе беше избрана Драгана Илиоска, […]

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, доживеал сообраќајна несреќа


Мајами– Гувернерот на Флорида и еден од кандидатите за републикански претседателски кандидат на изборите во САД следната година, Рон Де Сантис, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Тенеси, на пат до еден јавен настан. Тој и неговиот тим не се повредени, изјави портпаролот Брајан Грифин. -Ги цениме молитвите на нацијата и добрите желби за негова континуирана […]

Расте бројот на барања за азил во Германија


Берлин – Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во […]

ЕК го одобри „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ


ЕК одобри вклучување на „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ (ПДО), соопшти прес-службата на извршното тело на ЕУ. „Бугарскотото кисело млеко од денеска е веќе впишано во Европскиот регистар на заштитени имиња за производ и заштитени географски ознаки“, изјави министерот за земјоделство и храна Кирил Ватев. Тој денеска учествуваше на состанокот на Советот […]

Николовски најави нова мерка за складирање на житото во рок од девет месеци


На денешната седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава. Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на  28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе […]

Во период на топлотен бран, собната температура треба да биде 25 степени


Идеална собна температура во текот на денот е 21 степени Целзиусови, а во текот на ноќта 18. Но, во период на топлотни бранови најдобро е собната температура да се одржува на околу 25 степени, посочуваат одговорните во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Овие денови времето е многу топло, а за денеска се најавува дневна максимална температура […]