Банкарот Пан Гуншен е нов гувернер на Народната банка на Кина


Банкарот и финансиер Пан Гуншен денеска беше назначен за гувернер на Народната банка на Кина. Тој ја презема функцијата од претходниот гувернер на Централната банка на Кина, Ји Ган, кој ја предводеше пет години. Пан, кој овој месец наполни 60 години, претходно беше заменик-гувернер на Народната банка на Кина. Тој е ветеран на кинескиот банкарски […]

Жешка расправа за уставните измени: СДСМ повика на разум, ВМРО-ДПМНЕ зборува за предавство


  СДСМ повикува на разум, ВМРО-ДПМНЕ зборува за предавство. Вака почна денес долгоочекуваната седница на Комисијата за уставни прашања на која премиерот Димитар Ковачевски им порача на пратениците дека сега е на нив ред да донесат одлука битна за интересите на државата и ги повика сите партии да ги изненадат граѓаните постигнувајќи консензус за измените […]

Инсектите касаат, но се и прекрасни


Наспроти светот на животните, кои се повидливи, светот на инсектите е мистерија за повеќето луѓе, кои ги гледаат како мали чудовишта кои касаат, бодат и знаат да бидат досадни и застрашувачки. Но, како што ќе се види од фотографиите, светот на инсектите е и прекрасен и возбудлив. Некои видови инсекти сепак се со зачудувачка колоритност […]

Одложена прес-конференцијата на Бектеши на која се очекуваа детали за Иловица


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска требаше да одржи прес-конференција на која се очекуваше да соопшти детали околу концесиите за рудникот „Иловица – Штука“. Прес-конференцијата, како што соопшти Владата, е одложена и ќе биде дополнително закажана. Точката за рудникот Иловица денеска е на дневен ред на владина седница. Министерот Бектеши треба да информира за сите […]

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина


Талибанците денеска објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа малку. Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности  и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали Талибанците […]

Како Доброволното противпожарно друштво Кочани ги освои срцата на сограѓаните


  КОЧАНИ – Доброволното противпожарно друштво Кочани, во овие пеколно топли летни денови, одново ги освои срцата на своите сограѓани. Спроведоа низа акции како полевање на дрворедите градот за да се сочуваат младите дрвца, носеа вода за луѓето од селата во кои водата секнала, делеа шишиња вода и брошури на возачи и граѓани заради нивно […]

Апелација ги потврди казните за убијците на ракометарот Тот


Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски и второобвинетата Клементина Лефковска треба да одлежат по 18 години затвор, додека ма третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години. Преиначување има само во делот на износот на нематеријалната штета, кој треба да се исплати кон […]

Во Србија просечна плата во мај изнесувала 734 евра, но половина вработени работеле за помалку од 564 евра


Просечната (бруто) плата во Србија пресметана за мај годинава изнесува 118.992 динари, додека просечната (нето) плата без даноци и придонеси изнесува 86.220 динари (734 евра), соопштија од Републичкиот завод за статистика на Србија (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград. Просечната нето заработка изнесува 66.244 динари (564 евра), што значи дека 50 отсто од вработените […]

Личниот готвач на Обама се удави во езерце на имотот во Мартас Винијард


Бостон – Човекот кој се удави во езерце на имотот на поранешниот американски претседател Барак Обама во Мартинс Винијард, Масачусетс, е идентификуван како Тафари Кембел (45), поранешен готвач на семејството Обама. Неговото тело беше пронајдено во езерце длабоко речиси три метри, на околу 30 метри од куќата на имотот, откако екипите за итна помош добија […]

Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија


Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две […]

Во пожарите во Алжир 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Педро Санчез на чело на привремената Влада на Шпанија


Шпанскиот премиер Педро Санчез од денеска ја предводи привремената Влада до изборот на новата влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на парламентарните избори во неделата. Кралот Фелипе Шести издаде декрет според кој, Санчез останува на чело на привремената Влада која ќе се занимава со тековните работи „додека новиот шеф на владата не ја […]

Сменет шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг


  Само шест месеци откако беше поставен, Чин Ганг е сменет од функцијата министер за надворешни работи на Кина, според одлуката на кинескиот парламент, пренесува Ројтерс. Причините за оставката не се прецизираат. За нов министер беше назначен Ванг Ји. Тој ја извршуваше оваа функција до декември 2022 година, а потоа стана шеф на Комисијата за […]

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


 Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса


Вчера во 11.10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно дете. Според пријавата од мајката Б.Џ. (33) од Куманово, нејзината малолетна ќерка била оставена сама дома, а откако се вратила забележала дека испила пет апчиња кои биле оставени на масата. Се преземаат мерки за расчистување на […]

Џон Малкович уште повеќе ќе го афирмира „Охридско лето“, вели Костадиновска-Стојчевска


Уникатно и совршено сценско доживување. Така на денешната прес-конференција во Охрид беше најавена утрешната претстава „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ која на Охридско лето и првпат во Македонија како актер го носи светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер […]

Османи: Нема поголема бугаризација од вадењето бугарски пасоши


Иднината на државата не е одговорност само на Владата, туку на сите кои се согласуваат дека земјата треба да биде дел од Европската Унија. Земјата се наоѓа на критичната точка и секој кој сака да види напредок треба да преземе одговорност,изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи при денешно гостување во емисијата „Клик Плус” на […]

Секој противник сега е 100 отсто ранлив


Можеби ќе завршиме да се уништиме себеси. И сега е сосема достапна точката каде што машините можат да одбијат да се исклучат Во повеќе продолженија ви претставуваме големото интервју што Хенри Хисинџер пред неговиот стоти роденеден им го даде на тројца новинари на лондонскиот магазин „Економист“, како што е наведено во транскриптот.   „Економист“: Во […]

Светска премиера на филмот на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката […]