Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, доживеал сообраќајна несреќа
Мајами– Гувернерот на Флорида и еден од кандидатите за републикански претседателски кандидат на изборите во САД следната година, Рон Де Сантис, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Тенеси, на пат до еден јавен настан.
Тој и неговиот тим не се повредени, изјави портпаролот Брајан Грифин.
-Ги цениме молитвите на нацијата и добрите желби за негова континуирана заштита додека е во кампањата, рече Грифин во изјавата.