Без вода делови од улиците „Алија Авдовиќ“ и „13 Август – Охридски Договор“


– Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Алија Авдовиќ“ 16/120б (кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“ крак 16 и ул.„13 Август – Охридски Договор“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 08:40 часот до завршување на санација на дефектот.

Голем број пожари во јужна Италија се предизвикани од пиромани


Јужна Италија е зафатена од шумски пожари, а според Земјоделскиот синдикат Колдирети и локалните жители, поголем број од пожарите се предизвикани од пиромани. Според Колдирети дека 60 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор. Локалните жители во Калабрија изјавија дека за пожарите се одговорни несмасните земјоделци. Претседателот на Калабрија, Роберто Очиуто изјави дека […]

Милионер кој се занимаваше со криптовалути убиен во Аргентина


Деца во аргентинскиот град Ингениеро Баџ пронајдоа делови од телото на исчезнатиот 41-годишен инфлуенсер и крипто милионер Фернандо Перез Алгаба минатата недела, а полицијата почна истрага за неговото убиство, пишува „Њујорк пост“. Исчезнувањето на инфлуенсерот било пријавено во вторник на 18 јули. Во неделата, 23 јули, група деца кои играле фудбал откриле црвен куфер во […]

Мадона заздравува и се чувствува добро по престојот в болница


Лос Анџелес – Мадона минатиот месец заврши в болница поради тешка инфекција, поради што ја одложи и турнејата. Пејачката која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, сега е дома, па на Инстаграм објави видео на коешто танцува и им покажа на обожавателите дека заздравува успешно и се чувствува добро, прославувајќи ја, […]

Утринските температури од 4 степени во Берово до 17 во Гевгелија


Во Берово утрово се измерени 4 степени и шест во Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка утринската температира е 8 степени, 9 се измерени во Битола, 10 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Крушево, 11 во Охрид, Прилеп и Штип, 12 степени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, […]

Британците случајно испратиле тајни информации на руски сојузник наместо на САД


Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратија е-пошта со доверливи информации на близок руски сојузник поради печатна грешка. Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот […]

Се судрија авиони во Австралија, две лица загинаа


Две лица загинаа во судир на два авиона во Австралија, соопшти денеска полицијата. Полицијата во државата Квинсленд соопшти дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбен, откако било пријавено дека два мали авиони се судриле во близина на земјата. Две лица од истиот авион загинаа, пилотот од другиот […]

Египет најави планирани прекини на струја поради горештините


Каиро – Египет објави низа мерки, вклучително и планирани прекини на струја, со цел да се справи со растечката потрошувачка на енергија предизвикана од силниот топлотен бран што ја зафати земјата. Со цел да се растовари електричната мрежа, службениците кои не работат директно со населението ќе работат од дома еден ден во неделата од 6 август, […]

Двајца повредени откако „БМВ“ се преврте на покрив на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово


Две лица се повредени вчера во Тетово откако возилото марка „БМВ“, со кое се возеле, се превртело на покривот. Настанот се случил околу 19 часот на булеварот „Маршал Тито“.  – Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „БМВ со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л.Ш. (18) од тетовско Ларце, изгубил контрола над […]

Во Европа возните карти се до 30 пати поскапи од авионските: Зошто е тоа така?


Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени. Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен […]

Американските тенкови Абрамс најверојатно во септември ќе пристигнат во Украина


Вашингтон– Американските тенкови Абрамс најверојатно ќе пристигнат на украинското бојно поле во септември, објави американското издание Политико, повикувајќи се на неименувани извори. Планот е во август да се испратат неколку тенкови Абрамс во Германија, каде што ќе биде извршен завршен ремонт. Откако ќе заврши тој процес, првата серија Абрамс ќе биде испорачана во Украина следниот […]

Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули


По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.  Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ – Битола, Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни болести, за […]

Законите за даночна реформа пред членовите на Комисијата за европски прашања


Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се два од трите закони за даночна реформа, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце. Станува збор за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлогот на закон за изменување и […]

Додик без надзор летал над половина Хрватска со хеликоптер на српско МВР, прекршени се сите процедури


Загреб – Хеликоптерот на српското Министерство за внатрешни работи, со регистарски број YU-VIP F-WWOC, со кој претседателот на Република Српска Милорад Додик во вторникот слетал на Хвар, влегол во Хрватска како обично цивилно летало, пишува Јутарњи лист. Ова произлегува од одговорот на Хрватската контрола на летање (ХКЗП) до Јутарњи лист, во кој се наведува дека „планот […]

Дел од скопската населба Тафталиџе без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Што рече Џон Малкович за филмските студија во Скопје


На прес-конференцијата во Охрид, по повод гостувањето на 63. “Охридско лето“ на холивудскиот актер Џон Малкович не му дозволија да одговори на новинарско прашање за филмските студија што сака да ги гради во Скопје зашто темата беше гостувањето со претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, напишана и режирана од Михаел Штурмингер, според вистински настан. […]

Сончево со слаб променлив ветер


Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=9 Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени. До недела […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 јули 2023 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 156 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее, […]

Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец во историјата


Во услови на големи топлотни бранови, практично е извесно дека јули ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот, велат научниците. Во јули годинава ќе бидат урнати топлинските рекорди, бидејќи се предвидува дека глобалната просечна температура за овој месец ќе биде околу 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, се вели во […]

Џачка од Бриндизи: Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект


Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка на првиот квадрилатерален состанок за важноста на Коридорот VIII што се организира во италијанскиот пристаништен град Бриндизи оценила дека соработката меѓу земјите е најдобар начин да се гарантира стабилноста и дека Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект – Задоволство е да се работи […]