Без вода делови од улиците „Алија Авдовиќ“ и „13 Август – Охридски Договор“


Фото: Б. Грданоски

 Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Алија Авдовиќ“ 16/120б (кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“ крак 16 и ул.„13 Август – Охридски Договор“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 08:40 часот до завршување на санација на дефектот.