Се судрија авиони во Австралија, две лица загинаа


Две лица загинаа во судир на два авиона во Австралија, соопшти денеска полицијата.

Полицијата во државата Квинсленд соопшти дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбен, откако било пријавено дека два мали авиони се судриле во близина на земјата.

Две лица од истиот авион загинаа, пилотот од другиот авион не е тешко повреден

„Две лица кои патуваа во истиот авион загинаа во сударот“, се вели во соопштението на полицијата. Пилотот на другиот авион, кој бил сам, според полицијата не е тешко повреден.

Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB) ќе ги испита причините за несреќата.