УХМР: Овогодинешниот јуни постуден и екстремно дождлив


Јуни 2023  година, се карактеризира како постуден  и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираше Управата за хидрометереолошки работи, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. – Средномесечната температура изнесуваше 13,5 степени  во Лазарополе до 23,1 степени  во Гевгелија. Споредено со просечните јунски температури за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура […]

Спасовски: Флешери на возилата имале градоначалници, министри, раководители, но сега нема


 Флешери на возилата имале градоначалници, министри и раководители, но во минатото, сега не, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали вакви уреди има и на возилата и на членови на СДСМ, како што беше случај со запаленото возило, кое медиумите го поврзуваат со првиот вицепремиер Артан Груби. -Дали имало во […]

Кајли Миног спремна за Вегас- го објави тизерот за новиот албум „Tension“


Кајли Миног официјално го носи своето срце што чука во Лас Вегас. Хитмејкерот на „Padam Padam“ ќе ја започне својата деби резиденција во САД на 3 ноември во новото место за изведба „Волтер“ во Венецијан ресорт.  Билетите се пуштени во продажба на 9 август. Миног го објави на прес-преглед и прием во хотелот Пендри во […]

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ


Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија. Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу […]

Загина 17-годишник во сообраќајка во Струмица


Во средата, во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Од здобиените повреди, на […]

Со нови даночни стапки на ДДВ ќе бидат опфатени 1.500 производи


Околу 1.500 производи ќе имаат нови стапки кај Данокот на додадена вредност, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски. „Станува збор за околу 1.500 производи кои што имаат голем број на тарифни броеви. Таа листа е веќе доставена до стопанските комори и во наредните денови Министерството за финансии ќе ја објави на својата веб страница“, изјави Ковачевски  […]

„Еми“ наградите одложени поради штрајкот на сценаристите и глумците во САД


Лос Анџелес – Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд, пренесоа американските медиуми. Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а наскоро се […]

Сингапур егзекутираше жена за прв пат по 20 години


  Сингапур ја обеси Саридеви Џамани, првата жена погубена во државата-град по речиси 20 години, и покрај негодувањето на групите за човекови права. 45-годишната државјанка на Сингапур, која беше осуден на смрт во 2018 година за трговија на околу 30 грама хероин, беше погубена рано во петокот, соопшти Централното биро за наркотици. Се верува дека […]

Ковачевски: Поединци во Слупчане го организирале бунтот, домаќините си ја плаќаат струјата


Премиерот Димитар Ковачевски не смета дека сите жители на селото Слупчане или околните села организирале бунт против ЕВН за да не можат да го санираат дефектот во елекродистрибутивната мрежа. Според него, секогаш се работи за поединци кај кои треба да се идентификува одговорност за спречување на извршување на работа на компанија која врши јавна услуга. […]

ТИРЗ: Договорени три нови иницијативи за економски раст со Јапонската организација за надворешна трговија


Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договорија три нови иницијативи за економски раст, базирани на соработка помеѓу македонската и јапонската економија и компании, информираат од ТИРЗ. -JETRO има мрежа која покрива над 2 милиони јапонски мали и средни компании и им нуди различни инструменти за поддршка за […]

Пријател на избодениот Бугарин во Скопје: Полицијата нѐ возеше низ опасна населба


Пријател на избодениот Бугарин во Скопје, навивач на фудбалскиот тим „Левски“, Петар Бозов, тврди за весникот „24 часа“ дека македонската полиција која ги придружувала низ Скопје не реагирала кога дел од бугарските навивачи се одвоиле и свртеле накај населбата Чаир, оставајќи ги практично да минат низ  опасен дел од градот. Тој вели дека бугарските навивачи […]

Коридорот 8 ќе добие и политички формат


  На состанокот на министрите за надворешни работи на четирите земји низ кои поминува Коридорот 8 во Бриндизи, Италија, заклучено е тој да добие своевиден политички формат. Министрите заклучија дека треба да се организираат годишна политичка средба, годишен бизнис форум, средби во градовите кои са на трасата на овој коридор, како и редовна дискусија во […]

ЕК отвори истрага против „Мајкрософт“ за можно кршење на правилата за конкурентност


Европската комисија започна формална истрага со цел да процени дали можеби „Мајкрософт“ ги прекршил правилата за конкурентност на ЕУ со поврзувањето на неговата алатка за комуникација „Тимс“ со популарните пакет системи „Офис 365“ и „Мајкрософт 365 “. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, потпретседателката на Европската комисија задолжена за политика на конкурентност, […]

И во Босна на иста мака – владата никако да им набави лек на болните од цистична фиброза


Родителите од ентитетот Федерација на БиХ чии деца боледуваат од цистична фиброза денеска протестираат пред седиштето на Владата на ФБиХ. Собирот го закажаа во 10 часот, а како што велат се разочарани бидејќи никогаш не ги добиле ветените пари за набавка на многу потребниот лек „кафтрио“ („трикафта“). Сметаат дека, во моментов се жртви на пошироката […]

„Чувствувајте се оваа ноќ, како цвет во камен бидејќи во историјата нема случајности“. Џон Малкович прогласен за почесен доктор на Еуро Прима


Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики […]

(Во живо) Ковачевски на поставување камен-темелник на полициска станица Аеродром


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе присуствуваат и ќе се обратат на настан по повод поставување на камен темелник на Полициска станица Аеродром.  

Годишната инфлација на крајот на вториот квартал беше 9,3 отсто, економскиот раст умерен


  Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се заклучува дека во текот на вториот квартал, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, додека Народната банка за стабилизација на инфлацијата и на инфлациските очекувања ја затегна монетарната политика, но презеде и други […]

Жена од БиХ ѝ ставала отров за мравки и средство за чистење во кафето на својата шефица


Судот во Бања Лука ја осуди на две години затвор 58-годишната поранешна директорка на Педагошкиот институт на Република Српска, прогласувајќи ја за виновна за обидот за убиство на нејзината шефица, на која ѝ ставала отровни материи во кафето. Како што објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина во четвртокот, Нина Нинковиќ, сегашната просветна инспекторка, е […]

Стопанската комора и Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе соработуваат за поголем пристап на македонските компании до европскиот пазар


Стопанската комора на Македонија, преку нејзиниот Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, и Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе бидат мост за поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат на македонските иноватори, универзитети, претприемачи и постоечки компании да ја унапредат нивната идеја и да ги подготват за аплицирање на отворените повици, соопштија денес […]

Падна приватен хеликоптер во Грција


Приватен хеликоптер се урнал денеска на островот Самос, а сите пет лица во него поминале до полесни повреди. Несреќата се случила кога хеликоптерот, кој слетал на Самос за да наполни гориво на пат кон Турција, изгубил рамнотежа и се срушил на земја на мала височина, пренесува „Катимерини“. Според ЕРТ, не дошло до пожар, а сите […]