Еуроњуз Србија: Српска стока не може да влезе во Косово, ниту камиони со српски регистарски таблички


По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово.  Еуроњуз Србија утрово јави од преминот Мердаре дека е оневозможено преминување камиони со српски стоки, како и празни камиони со регистарски таблички издадени од МВР на Република Србија. Дозволен е премин само за патнички автомобили. […]

Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори


Фирмата Цетрал Инвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори. Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.   Батериите моментално се единствениот […]

Русија нападна индустриски капацитети во Криви Рих


Руски проектили погодија два индустриски капацитета во централниот украински град Криви Рих во раните утрински часови денеска, изјави градоначалникот Олександр Вилкул, а пријавен е и напад со дронови во Одеса. Вилкул рече дека три ракети погодиле две индустриски компании „кои немаат никаква врска со војската“, ранувајќи еден 38-годишен маж. Еден автомобил е оштетен од остатоци […]

Хрватска ја победи Холандија и се пласираше во финалето на Лигата на нации


Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Ротердам ја совлада Холандија со 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации. Победникот беше решен по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија нерешено 2:2. Головите за Хрватска ги постигнаа Андреј Крамариќ (55.минута), Марио Пашалиќ (72.), Бруно Петковиќ (98.) и Лука Модриќ (116. од пенал) За домаќините погодија Дониел Мален […]

Битка за секој вработен


Проблемот со наоѓање квалификувани и квалитетни работници станува сѐ поизразен, а како што стојат работите, тој допрва ќе се заострува. Тоа го посочуваат и работодавците, но и отворените огласи за вработување кои што не можат да се пополнат. А, дека проблемот ќе станува поголем, го навестуваат и информациите за бројот на запишани првоодделенци, кој е […]

По федералното обвинение, Трамп собрал седум милиони долари за кампањата во 2024 година


Претседателската кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека тој собрал седум милиони долари откако беше обвинет минатата недела. „Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако „полудениот“ Џек Смит објави политичко гонење“, напиша кампањата на Трамп во е-порака до поддржувачите, мислејќи на американскиот адвокат кој го истражува случајот. Повеќе од 4,5 милиони […]

Возилата со српски регистерски таблички и натаму без проблем влегуваат во Косово


Иако Владата на Косово предупреди дека косовските институции донеле одлука да забранат влез на возила со српски регистерски таблички на територијата на државата, според информациите од терен, автомобилскиот сообраќај продолжува. Но, сите автомобили со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли, јави РСЕ. Владата на Косово синоќаобјави дека по „киднапирањето на тројца косовски полицајци од […]

Силен земјотрес ги погоди Филипини, засега нема извештаи за жртви


Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди главниот филипински остров, соопштија властите. Потресот го запре железничкиот сообраќај во главниот град Манила. Нема извештаи за жртви или поголема материјална штета по земјотресот, што се случи во морето на длабочина од 10 километри и се почувствува во околните провинции, објави Филипинската сеизмолошка […]

Хакер: Влезот на Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата


Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која денеска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот. Со оваа резолуција Бундестагот сака […]

РСЕ: Приштина го забрани влезот на сите возила од Србија во Косово


Владата на Косово објави дека, „по киднапирањето на тројцата косовски полицајци од страна на српските сили“, одлучи да го забрани влезот на територијата на Косово на сите возила со таблички од Србија, јави Радио слободна Европа (РСЕ). Веста за сервисот на албански јазик на РСЕ синоќа ја потврди портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, […]

Австралија блокираше изградба на нова зграда на руската амбасада


 Австралија ја блокираше изградбата на новата зграда на руската амбасада во близина на Парламентот во главниот град Канбера. Австралискиот парламент брзо го усвои соодветниот закон поднесен од владата. Неколку часа претходно, премиерот Ентони Албанезе ја објави одлуката, наведувајќи ги ризиците за националната безбедност. Русија изнајми парцела во близина на зградата на австралискиот парламент. Канбера веќе […]

Во Битола јавна дебата за „Интернет – кој го користи, јас него или тој мене!?“


Граѓански организации и неформални групи млади, синоќа во Битола дебатираа на тема „Интернет – кој го користи, јас него или тој мене!?“ за што битолската „Пролокал“ обезбеди релевантни соговорници. Не сакаме во Пелагонија менталното здравје да биде табу тема и затоа јавно говориме за важноста на хигиената на менталното здравје, посочи Емилиа Героска, менаџер на […]

Борел до Курти: Нема нормализација без мир на север во Косово


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, му порача на косовскиот премиер Албин Курти дека без смирување на ситуацијата на северот на Косово, нема простор за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во писмото до Курти, Борел наведува дека е подготвен да свика средба на високо ниво со претседателот на Србија, […]

КФОР: Во контакт сме со српските власти во врска со косовските полицајци


Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, синоќа соопшти дека е во контакт со српските власти за да добие официјална информација во врска со настанот на граничната линија меѓу Косово и Србија. Косовската полиција соопшти дека тројца нејзини припадници се „киднапирани“ на територијата на Косово, додека во Белград се вели дека биле уапсени од антитерористичките […]

Во Струга почнува Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”


Во хотел „Дрим“ во Струга денеска започнува третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски. Преспа Форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски, како […]

Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на Северна Македонија


 Германскиот Биндестаг денска ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет. Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други […]

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк


„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата кој вечер од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. На програмата е музика од познати италијански филмови, а изведбата ќе биде надополнета со видеопроекции.      -Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од […]

Отворање на изложбата „ФеминаV.S.Фемининологија“


Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „ФеминаV.S.Фемининологија“ соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб. Во проектот се вклучени десет македонски и десет хрватски авторки кои работеле во пар: Ана Трајковска – Алана Кајфеж; Вана Урошевиќ – Габријела Шимиќ; Христина Зафировска – Луциа Лабас; Јана Луловска – Никол Хјуит; Тања […]

Сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка


Пред Клубот на истражувачите на Народна банка денеска на 47. сесија ќе биде презентиран трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска. По презентирањето на трудовите, како што најавија од Народна банка, e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на Народната банка […]

Променливо облачно и нестабилно, локално невреме со пообилен дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе биде во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 литри на квадратен метар), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17, а максималната ќе достигне […]