И годинава бесплатни таблети за четвртоодделенците од Аеродром


Општина Аеродром и оваа година го продолжува проектот „Бесплатен таблет за сите“. Со сопствени средства обезбедени од буџетот на општината, секој ученик кој посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет-уред за полесно совладување на наставата. Ова на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека Општина Аеродром започна постапка за набавка на […]

Милевски: За добар резултат против Украина ќе мора да биде на повисоко ниво од нашето


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Украина. – Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготовка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма […]

Пицула: На Црна Гора не и треба „бугарско сценарио“


На изборите на 11 јуни гласачите во Црна Гора го кажаа својот збор, а сега на политичарите им останува да ги исполнат нивните очекувања, велат пратениците од Европскиот парламент, кои очекуваат формирање на парламентот и нагласуваат дека на официјална Подгорица не и треба „бугарско сценарио“. – Врз основа на овие резултати очекуваме да се формира […]

Во „Генералка викенд 2023“ собрани 252 тони отпад, ќе се засадат најмалку 1,8 милион дрвца


Собрани се 252 тони отпад во третата еко-акција „Генералка викенд“ што од 12 до 14 мај 2023 се одржа на 304 локации во 51 општина и во Националниот парк Шар Планина. Учествувале 15 811 волонтери, меѓу кои и деца од над 300 училишта и градинки. Во просек, секој волонтер собрал по околу 16 килограми отпад. […]

„Рибља чорба“ на 31 јули во Охрид во Античкиот театар


Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља чорба“, ќе одржи концерт во Македонија на 31 јули во Античкиот театар во Охрид. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат […]

Судски совет ќе ја продолжи соработката со ИСППИ и „Виста“ за спроведување на психолошките и тестовите за интегритет


Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 445 седница  донесе одлука да се склучи Анекс на Договорот со веќе постојните институции, односно со Институтот за социолошки и политичко правни истражување ИСППИ и „Виста“, за спроведување на психолошките и тестовите за интегритет. Одлуката, следува по денеска добиената информација од Владата, преку Министерството за правда по […]

НБ учествува во билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството со ЕУ за „Економска и монетарна политика“


Народната банка е активно вклучена во активностите на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за пристапување на нашата земја во Европската Унија, по одделни поглавја и области и во тековниот процес на билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството (т.н. Screening) со Европската Унија. -Во рамките на Кластерот 3 – Конкурентност и инклузивен раст, […]

Усвоен законот во Собранието за кредитна линија од 100 милиони евра од ЕИБ


  Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата наменети за малите и средни претпријатија за надминување на предизвиците кои произлегуваат од енергетската и економска криза. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за Договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии. „Со овие средства се излегува во […]

Магазинот „Вог“ доаѓа во регионот


Сите модни ентузијасти ги дочекува одлична вест – доаѓа „Вог Адриа“ (Vogue Adria). Сите кои ја сакаат модата ја знаат важноста и моќта на магазинот „Вог“ (Vogue) во светот на модата и модниот бизнис, пишува Bonjour.ba. За оние кои сакаат печатени модни списанија, одењето на одмор во други земји значи и барање на најновото издание […]

Литературно-музички настан „Читањето е супермоќ“ на Школка во Градскиот парк


Издавачката куќа „Арс Ламина“, на 17 јуни (сабота), со почеток во 11 часот, на Школка во Градскиот парк – Скопје, ќе го организира литературно-музичкиот настан „Читањето е супермоќ“, со кој ќе биде заокружена кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата, за оваа учебна година. На настанот ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен […]

Сообраќајка во Глумово, учествувала и полициска „шкода јети“


Сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на МВР се случила утринава пред натплатната рампа Глумово. Според првичните информации од Министерството, пријава за несреќата добиле околу 8:40 часот, а во истата учествувале три возила меѓу кои и полициска „Шкода Јети“.             

ФЕД го паузираше растот на каматните стапки, но најави дополнително зголемување годинава


Американската централна банка (ФЕД) очекувано направи пауза од циклусот на зголемување на каматните стапки што континуирано трае од март минатата година, но неочекувано сигнализираше дополнително зголемување на каматните стапки за 50 базични поени до крајот на годината. На состанокот ФЕД очекувано ја задржа каматната стапка во опсег од 5,00 до 5,25 отсто, но проекциите на […]

Вработените во УЈП ќе протестираат два часа дневно


Почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот вработените во УЈП ќе протестираат и нема да ги извршуваат работните обврски. Како што пишува Телма, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк. Вработените во УЈП и во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за финансии. Побараа средба со првиот […]

Големо откритие на месечина на Сатурн. Таму навистина може да има живот?


Фосфати за прв пат се откриени во вонземскиот океан на месечината на Сатурн, Енкелад, што ја зголемува можноста дека можеби се развил живот на мистериозното небесно тело. Меѓународен тим од експерти, предводен од планетарниот научник Френк Постберг од Универзитетот во Берлин, Германија, откри соединенија што содржат фосфор во пареата што излегува од Енкелад. Пронајдените количини […]

Евростат: 22 отсто од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост


Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат. Најмногу луѓе изложени на […]

(Во живо) Преспа форум дијалог: „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“


Проследете ја сесијата Сесија „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“ во рамки на Преспа форум дијалог 2023: 

Руски војник му се предаде на дрон


  Украинските сили му го поштедија животот на руски војник кога тој му се предаде на дрон на бојното поле само неколку моменти пред неговите оператори да отворат оган, потврди украински командант за Си-Ен-Ен. Снимката со беспилотно летало од единицата на 92-та механизирана бригада на Украина, објавена од „Волстрит џорнал“, покажува дека предавањето се одвива […]

Во Приштина изрешетан македонски автомобил, убиено едно лице


Синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки. Според косовската полиција, жртвата е државјанин на Северна Македонија. „Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот, при што било забележано дека во автомобил со регистерска табличка на […]

Вонредна состојба во 32 града и општини во Србија поради поплави


Во Србија, поради излевање на реки, прогласена е вонредна состојба во 32 града и општини, а додека се отстрануваат последиците од поплавите се очекува нов бран излевања поради обилни врнежи, изјави рече претставникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Милош Миленковиќ. Миленковиќ за РТС изјави дека од 26 мај до денеска биле евакуирани 76 […]

Гинисов рекорд: Изваден најголемиот камен во бубрег во светот


Воени лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот при операција на пензиониран војник, соопшти Армијата. Камењата во бубрезите се создаваат со таложење минерални соли во бубрегот, орган којшто треба ја прочистува крвта. На 62-годишниот поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег тежок 801 грам, а тоа е, […]