Сообраќајка во Глумово, учествувала и полициска „шкода јети“


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на МВР се случила утринава пред натплатната рампа Глумово.

Според првичните информации од Министерството, пријава за несреќата добиле околу 8:40 часот, а во истата учествувале три возила меѓу кои и полициска „Шкода Јети“.