Магазинот „Вог“ доаѓа во регионот


Сите модни ентузијасти ги дочекува одлична вест – доаѓа „Вог Адриа“ (Vogue Adria).
Сите кои ја сакаат модата ја знаат важноста и моќта на магазинот „Вог“ (Vogue) во светот на модата и модниот бизнис, пишува Bonjour.ba.

За оние кои сакаат печатени модни списанија, одењето на одмор во други земји значи и барање на најновото издание на магазинот „Вог“.

Од оваа година тие ќе можат да го читаат истото на регионални јазици и да уживаат во модните содржини создадени во регионот Адриа. Овој најнов додаток на Vogue ќе ги опфати Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Ќе се објавува истовремено во печатена и онлајн верзија.

За оваа вест се огласија и еден од основачите на „Вог Адриа“, Ненад Јањатовиќ и Милан Ѓачиќ.

Издавањето на првиот број се очекува веќе оваа година, а тимот што ќе го води Vogue Adria ќе биде од главните градови на Хрватска, Србија и Словенија, додека уредничкиот тим ќе биде објавен во наредните месеци, се наведува во соопштението.