Австралија блокираше изградба на нова зграда на руската амбасада


 Австралија ја блокираше изградбата на новата зграда на руската амбасада во близина на Парламентот во главниот град Канбера. Австралискиот парламент брзо го усвои соодветниот закон поднесен од владата.

Неколку часа претходно, премиерот Ентони Албанезе ја објави одлуката, наведувајќи ги ризиците за националната безбедност.

Русија изнајми парцела во близина на зградата на австралискиот парламент. Канбера веќе се обиде да го откаже договорот склучен во 2008 година, но без успех.

„Австралиската влада доби многу јасни безбедносни совети за ризикот од новото руско присуство толку блиску до парламентот“, изјави Албанезе. Тој објасни дека откако ги анализирал сите можни правни опции, не нашол излез, и парламентот едноставно ќе донесе нова легислатива за блокирање на изградбата на новата зграда на руската амбасада на таа локација.