Џонсон: Извештајот на Комитетот е „шарада“


Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон денеска го нарече „шарада“ извештајот на Комитетот за привилегии на Долниот дом, кој претходно оцени дека треба да биде суспендиран од пратеничката функција во траење од 90 дена, бидејќи „намерно го довел во заблуда Парламентот“ за забавите што ги организираше за време на пандемијата. Тој го нарече извештајот […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Украина. МВР апелира до сите граѓани да […]

Меморијален турнир „Марко Божиновски“: Бутел Скопје и Алкалоид тргнаа со победа


Стартуваше второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е во организација на фондацијата „Марко Божиновски“ и кој се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар. На првите одиграни натпревари, победа остварија екипите на Бутел Скопје и Алкалоид, кои беа подобри од Голден Арт, односно Коњух. Бутел Скопје против Голден Арт славеше со 33:29 […]

Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата


Лионел Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата. Фудбалерот на репрезентацијата на Аргентина попладнево го отвори резултатот на пријателскиот натпревар против Австралија во Пекинг. Голот беше постигнат 1 минута и 19 секунди по почетокот на средбата. Ова е најбрзиот гол во кариерата на Лионел. Претходно, негов најдобар учинок беше голот против Челзи во 2018 година, […]

Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме


Територијалната потивпожарна единица – Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес. Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица […]

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР


   Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова. Како што соопшти бугарското МНР, на средбата Гергова „изразила загриженост во врска со нападот“ врз Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите „Шемето“ во Струга.  Гергова ја […]

Лајчак: Премногу често слушаме изговори што „не може“ од Балканот


Специјалниот пратеник на ЕУ за Балканот, Мирослав Лајчак, повика да престанеме со барањето изговори на Балканот и место тоа, избраните лидери да им докажат на своите граѓани дека можат да ја остварат визијата што им ја нуди Европската унија.  -Ќе ја почнам мојата презентација со три збора. Првиот збор е минато. За жал има премногу […]

Земјотрес со интензитет од 4 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4 степени е регистриран денеска во турската провинција Кахраманмараш, каде беше епицентарот на разорните земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени во февруари, јавија турските медиуми. Земјотресот, регистриран од сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, ја потресе областа денеска во 14 часот и 39 минути. Епицентарот бил во подрачјето на градот […]

Сто руски војници биле убиени кога собрани чекале мотивациски говор од командантот


  Околу 100 руски војници собрани на мотивациски говор во близина на источната линија на фронтот на Украина можеби биле убиени во напад претходно оваа недела, што предизвика бес кај руските воени блогери. Додека деталите остануваат нејасни и непотврдени, голем број руски Телеграмски канали зборуваат за нападот, за кој велат дека се случил во близина […]

Груби до ВМРО-ДПМНЕ: Внимавајте што барате, може и да го добиете!


Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, на Преспа форумот во Струга повика на укинување на техничката влада, нарекувајќи ја „влада нонсенс“ која може само да креира пречки во иднина. Зборувајќи за условувањата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени тој ги повика да внимаваат што бараат зошто – може да им се исполни.  -Живеевме во страв  дека […]

ЕПП се обиде, но не го урна клучниот закон од Европскиот зелен договор


  Законот за обнова на природата, клучен дел од Европскиот зелен договор, кој поставува законски обврзувачки цели за рехабилитација на деградираните живеалишта и изгубените видови, денеска преживеа, но неговиот опстанок не е загарантиран. Предлог-законот е во центарот на немилосрдната опозициска кампања предводена од конзервативните партии, главно од од групацијата на Европската народна партија (ЕПП) , […]

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела


  Политичката партија Левица поднесе Иницијатива за оценка на уставноста на новодонесените измени на Законот за работни односи, со којшто се воведува 72 часовно работно време, со цел спроведување на договорот на „Бехтел и Енка“. Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со […]

Музичките издавачи го тужат Твитер за 250 милиони долари


  Група од 17 музички издавачи од САД го тужеа Твитер и бараат милионска отштета. Издавачите тврдат дека Твитер овозможил прекршување на авторските права во случај на речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи (НМПА) сега бара отштета поголема од 250 милиони долари. Во тужбата пред судот во Нешвил се наведува дека Твитер „дозволува […]

Аеродромот во Истанбул собори светски рекорд на денот на финалето на Лигата на шампионите


  Минатата недела аеродромот во Истанбул опслужил 1.684 летови, што е нов дневен светски рекорд, соборувајќи го претходниот рекорд од 1.624 летови што ги опслужил аеродромот во Франкфурт на 11 септември 2019 година, објави Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Еуроконтрол). Според податоците на Еуроконтрол, со овој број летови аеродромот во Истанбул (IST) минатата […]

Наредено итно повлекување на млеко од маркетите


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува производот – „УХТ млеко МИЗО 2,8% мм“ од маркетите. Причина за повлекување на производот е несоодветен квалитет и измама на потрошувачите, иако не е загрозена безбедноста на производот. Во продолжение следат деталите од соопштението на АХВ: Рок на употреба: 20.06.2023 Потекло: Млекара Лесковац, […]

ЕП усвои нови правила за батериите


  Европскиот парламент на пленарната седница усвои нови правила за дизајнот, производството и отпадот на сите видови батерии што се продаваат во Европска Унија – автомобилски, индустриски и преносни, како и нови категории на батерии за лесни возила. Со 587 гласови „за“, девет „против“ и 20 „воздржани“, европратениците го потврдија постигнатиот договор со Советот на […]

Приватната високообразовна установа Универзитет Скопје доби дозвола за емитување радиопрограма за студенти


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 19-та седница одлучи да се одбие пријавата на Државниот универзитет Тетово (ДУТ) за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување програмски сервис на албански јазик наменет за студентите, како непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачје на општина Тетово. Констатирано било дека […]

Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан


   Папата Франциск му нареди на надбискупот Георг Гаенсвајн, приватен секретар и долгогодишен помошник на починатиот папа Бенедикт, да се врати во родната Германија до крајот на месецот без нова задача, соопшти денеска Ватикан. Ватикан со тоа стави крај на шпекулациите за тоа каква улога ќе има Гаенсвајн во црквата, кој беше моќна фигура во […]

Шекеринска: За да се поместиме од статус-кво ни требаат политичари со решенија


   За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот Договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето […]

ЕЦБ ги подигна каматните стапки на највисоко ниво во последните 22 години


  Европската централна банка денеска ја подигна основната каматна стапка на највисоко ниво во последните 22 години, како уште еден напор за ограничување на инфлацијата во време кога еврозоната е во техничка рецесија. Денеска ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за уште 0,25 отсто, на 3,5 отсто, што е највисоко ниво од 2001 година. Банката […]