Меморијален турнир „Марко Божиновски“: Бутел Скопје и Алкалоид тргнаа со победа


Стартуваше второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е во организација на фондацијата „Марко Божиновски“ и кој се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар.

На првите одиграни натпревари, победа остварија екипите на Бутел Скопје и Алкалоид, кои беа подобри од Голден Арт, односно Коњух.

Бутел Скопје против Голден Арт славеше со 33:29 (17:13), додека Алкалоид го надигра босанскиот претставник Коњух со 30:27 (14:12).

Поради временски причини церемонијата за отварање се одложи.

Турнирот продолжи денес во 18 ч. во салата „Антон Димитров“ во Бутел, а за дополнителни информации следете не’ на нашите социјални медиуми!