ЕПП се обиде, но не го урна клучниот закон од Европскиот зелен договор

Европската народна партија водеше беспоштедна опозицска кампања против Законот за обнова на природата, но денешното гласање во комитетот заврши со 44 - 44


Манфред Вебер е лидер на ЕПП во Европскиот парламент

 

Законот за обнова на природата, клучен дел од Европскиот зелен договор, кој поставува законски обврзувачки цели за рехабилитација на деградираните живеалишта и изгубените видови, денеска преживеа, но неговиот опстанок не е загарантиран.

Предлог-законот е во центарот на немилосрдната опозициска кампања предводена од конзервативните партии, главно од од групацијата на Европската народна партија (ЕПП) , кои имаат намера целосно да го урнат.

Во четвртокот наутро, Европскиот парламент ја даде својата прва оценка, но не успеа да ја реши растечката контроверзност.

За време на внимателно следената седница на Комитетот за животна средина, од европратениците беше побарано да одлучат дали да го отфрлат законот во целост, радикална опција што ретко се користи или да го продолжат процесот преку амандмани. Комисијата од 88 члена даде 44 гласа „за“ и 44 „против“.

На предлогот за отфрлање, кој беше поднесен од централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП), му требаше уште еден глас за да се прекине нерешениот резултат.

Исходот поттикна аплауз во преполната просторија од зелените, социјалистичките и другите прогресивни европратеници, кои го прославија опстанокот на законот.

Конзервативните пратеници останаа видно со скаменети лица.

Комитетот потоа се сврте кон огромен список на амандмани, од кои многу ја повторија разликата 44-44. Но, по повеќе од три часа гласање, европратениците сфатија дека немаат време да ја завршат седницата и да одржат гласање за целиот текст, што е неопходен чекор за да се претстави на целосна пленарна седница.

Паскал Канфин, францускиот европратеник кој претседава со комитетот избра да го одложи досието за 27 јуни, кога пратениците ќе имаат втора шанса да ги завршат преостанатите амандмани.

ЕПП, најголемата формација во хемициклот, е водечката сила зад невидената опозициска кампања против нацрт-законот.

Групата вели дека законот, во неговата сегашна форма, ќе донесе катастрофални економски загуби за земјоделците и рибарите, ќе ги загрози синџирите на снабдување во Европа, ќе ги зголеми цените на храната за потрошувачите и ќе го попречи ширењето на обновливите извори на енергија.

Тврдењата се енергично оспорени од левичарските партии, невладините организации и приватниот сектор, кои тврдат дека обновувањето на природата е компатибилно со економската активност и може да помогне да се гарантира долгорочната одржливост на почвите и жетвите.

„Беше навистина лудо“, изјави Луена за Јуроњуз. „Природата не е виновна (за) изборната стратегија на ЕПП во Европа“.

Кристин Шнајдер, германската европратеничка која го предводи опозицискиот притисок на ЕПП, го изрази своето разочарување и го впери прстот кон Франс Тимерманс, заменик-претседател на Европската комисија задолжен за Зелениот договор, кого изгледаше дека го обвини дека ги премислил неопределените европратеници.

„Ова е последица на многу лошо направен закон“, изјави Шнајдер за Јуроњуз. „Предлогот од Комисијата не е добар. Во текот на девет месеци кажавме што сакаме, а ова сега е резултат на работата на потпретседателот Тимерманс и продолжува денеска со гласањето.

Од речиси 400 милиони граѓани со право на глас во ЕУ, само околу 9 милиони работат во земјоделството – но нивниот глас е многу важен. Додека политичките партии од целиот блок се префрлаат во режим на кампања пред гласањето во 2024 година, европските конзервативци организираат кампања за да го обезбедат гласот на фармерите во обид да го капитализираат незадоволството од зелените политики.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ во коментарот насловен „ЕПП дегенерира во група за блокада“ вели: „Демохристијаните во Европскиот парламент се преправаат дека ги разбираат земјоделците и одбиваат да ги одобрат планираните закони за зачувување на природата. Ова е грешка во секој поглед“.

ЕПП, најголемата група во Европскиот парламент и чадор за политичката десница се обидува да се прикаже како заштитник на интересите на  земјоделците во Брисел. Земјоделците се мала изборна конституенца, но тие се неверојатно гласна и моќна.

Критичарите наведуваат дека мотивите за ваквиот однос на ЕПП треба да се бараат и во тековните тензии меѓу лидерот на парламентарната група на ЕПП, Манфред Вебер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која исто така е од ЕПП.

Во интервјуто по прес-конференцијата на групата, Луена го критикуваше Вебер, осудувајќи ја неговата „стратегија“ да го поткопа Европскиот зелен договор на Урсула фон дер Лајен.

Според Луена, стратегијата на Вебер е да ја приближува ЕПП „секој ден поблиску до екстремната десница“ пред националните избори во Шпанија, Полска и ЕУ. (Според агенциите)