Музичките издавачи го тужат Твитер за 250 милиони долари


 

Група од 17 музички издавачи од САД го тужеа Твитер и бараат милионска отштета.
Издавачите тврдат дека Твитер овозможил прекршување на авторските права во случај на речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи (НМПА) сега бара отштета поголема од 250 милиони долари. Во тужбата пред судот во Нешвил се наведува дека Твитер „дозволува и поттикнува прекршување на законот“ заради профит и дека ситуацијата не е подобрена откако Илон Маск ја купи платформата.

НМПА ги застапува фирмите вклучувајќи ги Sony Music Publishing, BMG Rights Management и Universal Music Publishing Group и тврди дека Твитер „продолжува да собира профит од достапноста на нелиценцирана музика без да ги плати потребните такси за лиценцирање“.

Прекршувањата му „дадоа на Твитер неправедна предност“ во однос на конкурентите, вклучувајќи ги ТикТок, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Снапчет, платформи кои плаќаат за музички лиценци.

Претседателот на НМПА Дејвид Израелит рече дека „Твитер е најголемата платформа за социјални медиуми која целосно одбива да лиценцира милиони песни“.

Маск моментално е најбогатиот човек на светот, а минатата година го купи Твитер за 44 милијарди долари. Потоа ја намали работната сила за 75 отсто, а тие „кратење“ се однесуваат и на тимовите кои ги следат случаите на злоупотреба. Исто така, тој го смени начинот на проверка на сметката.