Продолжи протестот на Синдикат на УЈП, ќе испратат известување за штрајк до работодавачот


Од Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи кои вчера почнаа протест за повисоки плати за 30 проценти, најавија дека денеска ќе испратат известување за штрајк до работодавачот и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика. Од Синдикатот за МИА велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајкот што беше донесена […]

Ноќеска експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица


– Во текот на ноќта се слушнале неколку експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица, потврди заменик директорот на Регионалната полиција, Ветон Ељшани. Тој за косовските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за шок бомби. Според него, од овие експлозии нема повредени, но оштетен е полициски автомобил. Полицијата го истражува случајот. 

ЕБОР разгледува можност за заем од 175 милиони евра за Северна Македонија за доизградба на пругата кон Бугарија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Северна Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII. Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII.  […]

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“


 Со изведување на доказите од обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот […]

Столтенберг: Договорите обезбедуваат слобода, алтернативите катастрофа


  Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видеообраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ […]

16 јуни во историјата – Боб Дилан ја сними Like A Rolling Stone


  До пролетта 1965 година, присуството на Боб Дилан во светот на музиката почна да се чувствува добро надвор од границите на неговиот номинален жанр. Во светот на фолк музиката, тој веќе неколку години беше славен како херој, но сега неговата музика го привлекуваше вниманието и влијаеше на насоката на уметници како „Брдс“, „Битлси“, па […]

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот


  СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот за која единствени што не гласаа вчера беа ЦДУ/ЦСУ од политичкото семејство на народните партии.  „Јавноста многу добро знае чија заслуга е резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак […]

(Галерија) Филхармонија го направи животот убав со концертот на филмска музика во Градски парк


Филхармоничарите синоќа го направија животот убав за присутните во Градскиот парк во Скопје на традиционалниот концерт на отворено. Прекрасните звуци од познати филмски теми го исполнија паркот, а посетителите за возврат ги наградуваа музичарите со громогласен аплауз.   Годинава концертот на отворено беше насловен „Животот е убав“, како и прекрасниот филм на оскаровецот Роберто Бенини […]

Левица тврди: Собранието прави „чистка“ на законите бидејќи очекува избори


Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, смета дека се подготвуваат предвремени избори веднаш по уставните измени и дека потврда за тоа е што во Собранието забрзано се ставаат на дневен ред заостанати седници. „Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност […]

Компанијата ја „уби“ лошото време


Продажбата на облека во H&M во вториот квартал е послаба поради студеното време. Шведската малопродажна компанија H&M (Hennes & Mauritz), која првенствено се занимава со продажба на облека, забележа послаб раст на продажбата во вториот квартал поради студеното време. Продажбата во вториот квартал, од 1 март до 31 мај, е зголемена за шест отсто во […]

Бијонсе виновна за инфлацијата во Шведска?


На популарната пејачка Бијонсе ѝ се припишуваат најразлични заслуги, а оваа последната нема да ви се допадне… Економистите, всушност, сугерираат дека таа е „виновна“ за зголемувањето на инфлацијата во Шведска, пренесува Јутарњи лист. Цените се зголемија за 9,7 отсто во мај на годишна основа, што е намалување од 10,5 отсто во април, па инфлацијата падна […]

(Видео) Србија под вода – вонредно во 35 општини, поплавен Клиничкиот центар во Крагуевац


Во Србија е прогласена вонредна состојба во 35 општини поради невремето. Обилните врнежи направија големи проблеми, излеани се реки и потоци. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Се евакуираат луѓе во погодените места. Поплавен Клиничкиот центар во Крагуевац Во Крагуевац од синоќа има поплави. Во текот на ноќта се излеа реката Лепеница […]

Пендаровски на Преспа форум за дијалог (во живо)


Потребен е системски и неповратен напредок за одржување на демократијата на Балканот. За тоа е потребна рамка со најмалку пет компоненти, правна, политичка, економска, безбедност и разузнавање, истакна денеска претседателот на државата Стево Пендаровски. На сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“, која е дел од од Преспа форумот за дијалог (ПФД) насловен „Проширено […]

(Видео) Силни ветрови во Кина фрлаа луѓе во воздух


Во саботата, на 11 јуни, градот Јичанг во провинцијата Хубеи го зафати силно невреме и силен ветер. На видеата што се појавија на социјалните мрежи, се гледа како ветрот ја откорнува надворешната тенда на ресторан во округот Јилинг, пишува Dimsum Daily. WARNING, DISTURBING CONTENT: Watch powerful winds blow away an entire restaurant in Hubei, China. […]

Поделби во НАТО околу изборот на нов генерален секретар


  Прашањето за избор на нов генерален секретар на НАТО во време кога западната воена алијанса се соочува со бројни предизвици предизвика поделби во Алијансата, бидејќи членките од Источна Европа сакаат наследникот на Јенс Столтенберг да биде од тој регион, кој доби особено значење со руската инвазија врз Украина, го пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) […]

Откриен е нов вид диносаурус


Нов вид диносаурус со оклопно тело е откриен на британскиот остров Вајт. Диносаурусот припаѓа на група тревојадни диносауруси познати како анкилосауруси, а неговите остатоци се пронајдени во формацијата Весекс на остров – фосилно место кое датира некаде помеѓу 145 и 66 милиони години. Новиот вид го носи името Vectipelta barretti – според професорот Пол Барет, […]

Руските трупи ќе добијат бонуси за уништување тенкови доставени од Западот


Руските трупи кои уништија тенкови „Леопард“ од германско производство и оклопни возила што ги испорачува Украина, ќе добијат бонуси, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството рече дека тоа е дел од пошироката шема на награди во која повеќе од 10.000 руски војници добиваат индивидуални бонуси од почетокот на војната пред речиси 16 месеци. Врз основа […]

Торнадо направи пустош во Тексас, тројца загинати и стотина повредени (видео)


Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти. Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно […]

Шпанија втор финалист во Лигата на нации


Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Италија со 2:1 во второто полуфинале на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Де Гролш Весте“ во Еншеде (Холандија). Головите за Шпанија ги постигнаа Џереми Пино во 4. минута и Хосела во 88. минута. За Италија реализира Чиро Имобиле во 11.минута. Во финалето на Лигата на нации […]

Стејт департмент: Северна Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе


Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година.   […]