Руските трупи ќе добијат бонуси за уништување тенкови доставени од Западот


Франција ќе ѝ испорача на Украина „лесни тенкови“ AMX-10 РЦ

Руските трупи кои уништија тенкови „Леопард“ од германско производство и оклопни возила што ги испорачува Украина, ќе добијат бонуси, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството рече дека тоа е дел од пошироката шема на награди во која повеќе од 10.000 руски војници добиваат индивидуални бонуси од почетокот на војната пред речиси 16 месеци.

Врз основа на извештаите од руските теренски команданти, „во моментов се вршат плаќања на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација кои уништија тенкови Леопард за време на воените операции, како и оклопни борбени возила произведени во САД и други земји на НАТО“, пишува Ројтерс, a соопшти министерството. Министерството објави дека до 31 мај вкупно 10.257 војници биле наградени за уништување на 16.001 парче украинска и западна воена опрема. Тврдењата не се независно потврдени.

Непријателското оклопно возило вредеше 50.000 рубљи (465 фунти/596 долари), а тенкот 100.000 рубли (930 фунти/1.192 долари), се вели во информацијата.