Шпанија втор финалист во Лигата на нации


Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Италија со 2:1 во второто полуфинале на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Де Гролш Весте“ во Еншеде (Холандија).

Головите за Шпанија ги постигнаа Џереми Пино во 4. минута и Хосела во 88. минута. За Италија реализира Чиро Имобиле во 11.минута.

Во финалето на Лигата на нации „Црвената фурија“ ќе игра со репрезентацијата на Хрватска, додека во натпреварот за третото место Италија ќе се соочи со Холандија. 

Последните два натпревара од Лигата на нации за оваа сезона ќе се одиграат на 18 јуни во Холандија.