Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година


Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата. Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 […]

Ковачевски не би размислувал ни миг за оставка, но Мерко и натаму мисли


  Премиерот Димитар Ковачевски не би размислувал ни миг кога би се нашол на црната листа на САД за вмешаност во корупција и веднаш би поднел оставка. „Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек што дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, тукус тоа […]

Агелер: За следниот чекор кон ЕУ мора да има политичка волја


  Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска порача дека приклучувањето на Македонија во ЕУ ќе ѝ помогне на земјава подобро да се справи со домашните предизвици, а еден од нив е корупцијата. Таа во обраќањето на конференцијата „Односите на САД и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, […]

Евростат: Албанските семејства последни по куповна моќ во регионот


 Евростат објави два нови извештаи во кои ја анализира куповната моќ на албанските семејства и нивото на цените во економијата, дали може да се смета Албанија за релативно евтина или скапа земја, јави Топ чанел. – Во односот на семејната потрошувачка, Албанија е последна во регионот, па така куповната моќ е 40 отсто од европскиот […]

Австријците ја потврдија продажбата на деловниот центар „Соравија“, ќе задржат 10 отсто од акциите


Австриската компанија „Хано Соравија“ (Hanno Soravia GMBH) во чиј состав е и бизнис центарот „Соравија“ во Скопје, преку соопштение до медиумите ја потврди продажбата на овој деловен центар во строгото централно подрачје на компанија од Албанија и на фирма од Скопје. „’Хано Соравија’ ГМБХ , водечка инвестициска компанија со седиште во Австрија веќе 150 години, […]

Приведен 30-годишен маж, поднесена кривична пријава за силување


СВР Скопје– Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против С.А.(30) од Република Турција, со живеалиште во с.Пагаруша, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 186 од Кривичниот законик. На 24.12.2022 околу 03.30 часот на  ул.„Кирил и Методиј” во Скопје физички нападнал […]

22 јуни во историјата – Германија ја почна операцијата „Барбароса“, целосна инвазија на Советскиот Сојуз


  На 22 јуни 1941 година, над 3 милиони германски војници ја нападнаа Русија во три паралелни офанзиви, во она што е најмоќната инвазиска сила во историјата. Деветнаесет панцер дивизии панцир, 3.000 тенкови, 2.500 авиони и 7.000 артилериски орудија беа префрлени на фронтот долг 1.700 километри и Хитлер отиде во војна на вториот фронт. И […]

„Летото по книгите се памети!“ – нова продажна акција на „Арс Ламина“ со попусти до 40 отсто


На првиот ден од летото, 21 јуни, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почна својата продажна акција „Летото по книгите се памети“. Во рамките на акцијата, која ќе трае до 14 јули, ќе има попусти до 40 % на сто наслови од областа на белетристиката (бестселери и книги за мотивација и самопомош), како и 20 отсто […]

Австрија ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“ и сака брз пристап во ЕУ


  Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ќе ги претстави „Пријателите на Западен Балкан“, група од седум земји-членки на ЕУ кои сакаат да го забрзаат пристапот во ЕУ за земјите од Западен Балкан за време на Форумот Европа Вахау во петок во Долна Австрија, објави неговото министерство во средата. Австрија, Грција, Италија, Хрватска, Словачка, […]

Започнува нов проект за јакнење на демократските капацитети на учениците


Со конференција на тема „Едукација за демократска култура – од политика до практика“ денеска започна имплементацијата на новиот проект „Квалитетно образование за сите“ чија цел е јакнење на демократските капацитети на учениците, а го имплементира Советот на Европа со финансиски средства обезбедени од германската влада.  Во своето воведно обраќање, министерот за образование и наука Јетон […]

Утре и задутре прскање против комарци во Скопје – заштитете ги пчелите


 Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се реализира третата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопштуваат од Град Скопје. […]

Драматичен пресврт: Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка на 15 отсто


Централната банка на Турција во четвртокот ја зголеми основната каматна стапка на земјата, речиси двојно зголемувајќи ја од 8,5 на 15 отсто, бидејќи новата економска администрација на неодамна реизбраниот претседател Реџеп Таип Ердоган започна драматичен пресврт во монетарната политика. Големото зголемување на стапката од 650 базични поени е прво зголемување на стапката од март 2021 […]

Украина истрела ракети на мостови на Крим, Путин ги свика безбедносните шефови


  Вооружените сили на Украина извршија ракетен напад врз мостовите на административната граница меѓу регионот Херсон и Крим во областа Чонгар. „Според прелиминарните проценки користени се британски ракети Сторм шедоу’. Оштетена е површината на коловозот на мостовите. Нема жртви меѓу луѓето“, изјави Владимир Салдо, шеф на окупациската администрација на регионот Керсон. Според него, комуникацијата меѓу […]

Македонските студенти се неинформирани каде и како да пријават корупција на факултетите


Корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите сметаат 20 проценти од анкетирани македонски студенти. На еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка. Над 90 отсто студенти испитаници не знаат како треба да реагираат и каде да пријават коруптивно однесување на […]

Д-р Марјан Шокаровски нов директор на државната Кардиохирургија


Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – […]

Град Скопје стипендира средношколци – спортисти


Град Скопје, денеска објави јавен повик со кој го поддржува развојот и унапредувањето на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци жители на Скопје, кои учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје, со цел да се зголеми нивната мотивација, како и да се делува на зголемување на бројот на ученици […]

Ангеловска-Бежоска: Кризите во изминативе неколку години ја забавија конвергенцијата


По глобалната финансиска криза, процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забавува. Кај нас од 2009 година наваму, нивото на конвергенција е повисоко за 8 п.п., темпо коешто пред глобалната финансиска криза е постигнато за само седум години. Ова упатува на речиси двојно побавна конвергенција, иако е малку побрза од просечната во регионот. […]

Мерко го замрзнал членството во ДУИ, партијата бара целосна истрага


  Единствената одлука што ја донел струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако беше ставен на црната листа на САД е да го замрзне членството во раководните органи на ДУИ (тој е член на Претседателството),  а партијата бара сеопфатна истрага за наводите на Стејт департментот за корупција. Ова се двата заклучоци на партијата кои ги пренесе портпаролот […]

Бесими: УЈП и царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека нема официјална најава за генерален штрајк на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП). Тој смета дека ниту УЈП, ниту царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Воедно верува, како што рече, дека ситуацијата ќе се надмине. Според Бесими, има закон за […]

СВР Тетово со aпел да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра


Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и […]