Евростат: Албанските семејства последни по куповна моќ во регионот


 Евростат објави два нови извештаи во кои ја анализира куповната моќ на албанските семејства и нивото на цените во економијата, дали може да се смета Албанија за релативно евтина или скапа земја, јави Топ чанел.

– Во односот на семејната потрошувачка, Албанија е последна во регионот, па така куповната моќ е 40 отсто од европскиот просек. Значи, албанско семејство може да консумира само 40 проценти од работите на европскиот граѓанин. Во регионот по албанските се македонските семејства, а на врвот се Босна и Херцеговина, па Србија и Црна Гора, наведува телевизијата.

Во однос на нивото на цените Албанија е на второто место во регионот, каде цените се 61,3 отсто од европскиот просек, а пред неа е Србија.

– Евростат, исто така, ги наведува и разликите на цените за различни групи на артикли. Така, Албанија ги надминува просечните европски цени за обувки (105,8 проценти) како и во сообраќајот (116,2 отсто). Дури и за електронските производи (121,7 проценти) и апаратите за домаќинство (122,2 отсто) го надминуваме просекот на цените во ЕУ, посочува истиот извор.

Според Евростат, земјата има најниско ниво на цени на енергетските производи (40,9 проценти), главно под влијание на субвенционираната цена на електричната енергија, како и на хотелите и рестораните (46,8 отсто) и јавниот превоз (49,9 проценти).

Друг показател објавен од Еуростат покажува дека трошоците за храна во однос на БДП биле 31,2 отсто, додека просекот на ЕУ е 6,6 проценти, со што Албанија е земја со најголеми трошоци за храна во регионот.