Град Скопје стипендира средношколци – спортисти


Град Скопје, денеска објави јавен повик со кој го поддржува развојот и унапредувањето на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци жители на Скопје, кои учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје, со цел да се зголеми нивната мотивација, како и да се делува на зголемување на бројот на ученици кои се занимаваат со спорт.
 
Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци од средните училишта на подрачјето на град Скопје се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје.
 
Јавниот повик и пријавата за доделување на финансиски средства за спортисти – средношколци се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/