Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.   -Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, […]

Дневната евтина струја се враќа од 1 декември


  Дневната тарифа на евтината струја се враќа од 1 декември, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Таа ќе биде од 13 до 15 часот. Во наредниот период ќе почне промената на броилата. Бислимоски верува дека тоа ќе може да се направи во наредните пет месеци, иако претходно беше најавено […]

Речиси 1.000 жени лани биле жртви на семејно насилство


Минатата година од вкупно 1.117 регистрирани кривични дела од областа на семејното насилство, 942 се жени, сопруги, мајки или ќерки, а од вкупно пријавените сторители 1.061 се мажи. Ова, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, укажува на потребата од заедничко институционално дејствување и преземање мерки кои ќе придонесат за намалување на семејното насилство. Министерот […]

Шведска со 2,5 милиони евра помогна Катастар да има ажурирани дигитални податоци


Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, од 2005 година во континуитет, преку Шведската меѓународна развојна агенција, добива поддршка од страна на кралството Шведска.  Поддршката се однесува на подигањето на функционалностите на Агенцијата за катастар на повисоко ниво и тоа преку осовременување на еКатот, МАКПОС системот, изготвување на повеќе студии. Беше реализирана помош […]

Мицкоски од Брисел изјави дека Владата таму ја кодошела опозицијата


  Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ денеска по разговорите со Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, ги повтори старите ставови дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор којшто ќе биде под бугарски диктат“. Христијан Мицкоски во изјавата не ги споменува уставните измени, туку зборува за договор. Тој реше дека целта на разговорите на вмровската делегација, […]

Нови простории во градинката „Весели цветови“ за уште 90 деца


ДГ ,,Весели Цветови” е проширена за околу 90 дечиња, а градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиев, најавува и  изградба на нов објект во склоп на ,,Кокиче” за 120 деца.   Завршија градежните работи за проширување, односно преадаптација на 4-5 простории од објектот, со што капацитетот на градинката е зголемен за уште 90-тина дечиња.    Она […]

Почина режисерката Виолета Џолева


На 72 години почина режисерката Виолета Џолева, објави Драмскиот театар. Во овој театар Џолева режира повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018). Театарот изрази сочувство […]

Нови неволји за Трамп: аудио снимка на која разговара за воени тајни во својот голф клуб


    Се појави аудио клип од Доналд Трамп како разговара за тајните документи што не ги декласифицирал во неговиот голф клуб во Бедминстер, Њу Џерси, во јули 2021 година, обезбедувајќи нови докази дека поранешниот претседател знаел за соодветни процедури за декласификација. Снимката, до која дојде Си-Ен-Ен, вклучува нови детали од разговорот што е критичен […]

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот


Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на […]

Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој


 Косовскиот премиер Албин Курти ја повика Србија „веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“, јави дописникот на МИА од Приштина. Апелот на Курти уследи по синоќешниот напад со експлозивни средства во Северена Митровица, кога две рачни гранати беа фрлени во дворот на тамошната општина. Тој на својот Твитер напиша […]

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони


 Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер. Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб.  Новата сезона […]

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета


Лисичани од наредниот понеделник ќе го имаат на увид коригираниот ДУП за населбата Лисиче, во кој треба да се опфатени и забелешките кои граѓаните ги доставиле преку анкетните листови во периодот кога предложениот ДУП беше ставен на јавна анкета. Транспарентното работење и водењето грижа за интересот на граѓаните остануваат наши приоритети при носењето одлуки кои […]

Дваесет и четири часа што го потресоа Кремљ


Евгениј Пригожин можеби се откажа од обидот за државен удар непосредно пред неговите платеници од групата „Вагнер“ да стигнат до Москва, но бунтот сепак може фатално да го поткопа режимот на Владимир Путин. Може да поминат денови, недели, па дури и месеци пред пукнатините целосно да се разоткријат, но немојте да погрешите: секоја криза што […]

Зa Битиќи родовата еднаквост е борба против социјалната нееднаквост


Кога жените имаат еднаков пристап до образование, ресурси, вработување и до економски можности, тоа води до зголемена продуктивност во економската активност и во ослободување иновативен потенцијал. Ова е важно и од аспект на борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, затоа што градењето силна економска улога на жените значи создавање поправедно општество во кое поголем број […]

Ќе се мери должината на Амазон: Ќе испадне ли подолга од Нил?


Дали најдолгата река во светот е Нил во Африка, или Амазон во Јужна Америка? Ова е една од најголемите загатки на науката веќе со години, поради што нова експедиција во јужноамериканската џунгла сега има намера да го најде конечниот одговор на ова прашање. Имено, меѓународен тим истражувачи во април 2024 година, ќе го почнат мерењето […]

Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуваниот бизнис партнер


Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка,  вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.   […]

Нивото на водата во Охридското Езеро пет сантиметри под просекот за јуни


 Интензивните врнежи од дожд изминатите денови значително придонесоа за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, чие ниво се приближува кон јунскиот просек. Според последните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,60 метри надморска височина, што е на пет сантиметри под […]

Пакомак со повратни вендинг машини: Рециклирање на Д фестивал


Пакомак, македонската компанија за селектирање и управување со амбалажен отпад, има значително влијание на овогодинешниот Д Фестивал во Дојран. Повратната вендинг машина  на Пакомак поставена во самиот камп ќе им обезбеди на посетителите на фестивалот лесен начин на рециклирање, кој нуди придобивки за секој корисник. Секој оној кој што сака да ги користи бенефитите од […]

(Видео) Камион налета на цистерна пред тунел во Словенија, возила се запалија


Вчера на влезот во тунелот „Малечник“ кај Марибор камион налета на цистерна и колона. Се запалиле неколку возила и само од чиста среќа немало жртви или сериозни повреди. Камионот се движел по обиколницата Марибор во правец кон Австрија и налетал на колона возила кои бавно се движеле. Автопатот „Штаерска“ беше затворен со часови. Тунелот е […]

Џафери подготвен за уставните амандмани, тие никако да дојдат во Собранието


Собранието уште ги нема добиено амандманите за измените на Уставот и вметнување на Бугарите. Владата треба да ги испрати како овластен предлагач, а собранискиот спикер Талат Џафери денес изјави дека откога ќе стигнат кај него, тогаш почнуваат да течат роковите. „Собранието е подготвено во секој момент откога ќе постапат надлежните институции, односно овластените предлагачи, ние […]