(Видео) Камион налета на цистерна пред тунел во Словенија, возила се запалија


Вчера на влезот во тунелот „Малечник“ кај Марибор камион налета на цистерна и колона. Се запалиле неколку возила и само од чиста среќа немало жртви или сериозни повреди. Камионот се движел по обиколницата Марибор во правец кон Австрија и налетал на колона возила кои бавно се движеле.

Автопатот „Штаерска“ беше затворен со часови. Тунелот е тешко оштетен, таванот почнал да се урива, а се проценува дека извесно време нема да биде во функција. На теренот имало дури 120 пожарникари. Погледнете го видеото од несреќата!