Ами Ларсон Џеин: Водете дијалог, а не исполитизирани дебати


Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин, повика денес „високополитизираната дебата во државата да се замени  со контруктивен дијалог“ кој ќе помогне земјата да стане членка на Европската унија. На форумот организиран по повод Денот на Европа, таа рече дека одлуката за уставните промени е суверена и сами ќе ја донесеме, но сега кога има нов […]

Бочварски: Не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д. – Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие […]

Предизвиците и поволностите од „Отворен Балкан“ за земјоделството и туризмот


Денеска беа презентирани студиите за влијанието на регионалниот пазар во рамки на „Отворен Балкан“ врз секторите земјоделство и туризам. – Отворањето заеднички пазар во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ покрај политичка волја изискува и соодветна институционална инфраструктура. Спроведувањето на иницијативата не е едноставен процес, тaa изискува голем степен на усогласеност меѓу земјите, планирање и креирање […]

Ученици од социјално загрозени семејства од Кисела Вода во август ќе летуваат бесплатно


 Децата од социјално загрозени семејства од Општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Од општината соопштуваат дека денес е распишан огласот и се објавени критериумите. За оваа намена, општината ќе издвои три милиони денари од својот буџет. -На ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не […]

Украина бара дополнителна воена помош од Македонија


Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активности мултинационалната вежба „Брз одговор 23“. – Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа […]

Радев се жали, Нинова се заканува: Бугарија навредена од споредбата со Русија


  Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за агенцијата БГНЕС вели дека „раководството на Македонија не треба да ја убеди Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани […]

Москва потврди дека договорот за жито е продолжен


Руската страна го продолжи договорот за жито за два месеци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Можеме да потврдиме дека и руската страна одлучи да го продолжи Црноморскиот договор за уште два месеца. Има релативен резултат во преговорите со учество на претставници на Турција, Украина и ОН“, рече Песков. Тој додаде дека е […]

Петровска: Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот


Набавката на возилата од САД за Армијата се спроведува согласно диманичниот план, пристигнати се на пристаништето во Солун и ќе бидат испорачани во касарната во Штип, информираше денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнувањето на активностите за мултинационалната вежба „Брз одговор 23“. – Набавката на […]

Бесими: Работиме на брзо, но системско решение за раст на платите на сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го […]

„Нетфликс ќе се изеде од завист“: „Политико“ за драмата на мафијашката држава во Бугарија


  „Качкетот наспроти Тиквата: Бугарската мафијашка држава стигна точка на кршење“ – под овој спектакуларен наслов, бриселско „Политико” опишува како „кризата со владеењето на правото избувна отворено во форма на конфронтација меѓу главниот обвинител и поранешниот премиер Бојко Борисов“. И наведува дека поради таквиот заплет Нетфликс ќе се изеде од завист „Последната политичка криза во […]

Почна пријавувањето за седмото издание „Вози право, вози здраво“


Почнува регистрацијата за најголемиот и најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје, кој годинава ќе се одржи на 28 мај (недела). На овој ден, скопските улици во центарот на градот ќе бидат ослободени од автомобили и целосно отворени за сите рекреативци на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, […]

Два пати најавено, ниту еднаш почнато етапното реконструирање на студентските домови


Етапната реконструкција на сите девет државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава. Во првата фаза која ќе се заокружи за 18 месеци од почетокот на градежните работи, целосно ќе се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Како што информираат од МОН, економските оператори кои се одбрани во постапката […]

Со пари од ТАВ Програмата се гради градинка во Бутел


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска беше во посета на Општина Бутел, каде што интензивно се гради нова градинка со пари од Програмата на ТАВ. Од оваа Програма на располагање се речиси 50 милиони евра и се инвестираат во инфраструктурни проекти низ сите општини по откажувањето на изградбата на карго аеродромот во Овче Поле. […]

Предлог на Кисинџер: Украина итно во НАТО, Крим да ѝ остане на Русија


  Украина мора да биде прифатена во НАТО за да ја заштити од територијални претензии на Русија, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Главната задача на Западот не е само да стави крај на актуелната војна, туку и да не создаде предуслови за следната рунда конфронтација меѓу Москва и Киев, изјави 99-годишниот Кисинџер во […]

Во Венеција денеска се отвора македонскиот павиљон на 18. Интернационална изложба на архитектурата


  Подготовките за проектотот „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“, како национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, се одвиваат во рамките на предвиденото и со полна пареа. Изложбата е подготвена, изработена и веќе е пристигната […]

Четворица Македонци и еден „помакедончен“ Британец на добротворно патување од Лондон до Скопје


Четворица Македонци и еден Британец, од Лондон, со препознатливи за Островот такси возила, тргнаа на добротворен пат до Македонија, а попатно застануваат низ 15 држави, кај пријатели и нивни поддржувачи. Целта на ова ентузијастичко патување е да се пренесат пораките за солидарност, емпатија, единство и мир низ европскиот континент, како и подигнување на свеста за […]

Денови на романски филм во Кинотека


 Со проекцијата на филмот „Луѓе од акција“ (Oameni de treaba / Men of Deeds), во понеделник, 22 мај, во Кинотека почнуваат Денови на романскиот филм. Манифестацијата е во организација на Романскиот културен институт, Амбасадата на Романија и Кинотеката. „Луѓе од акција“ е романско-бугарска копродукција од 2022 година, во режија Паул Негоеску (Paul Negoescu). Автори на […]

ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година


Лос Анџелес – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го откри логото за Мундијалот во 2026 година. Амблемот e комбинација на трофејот на Светското првенство и годината на турнирот. Промоцијата се одржа ноќеска во Лос Анџелес на кој учествуваа фудбалски легенди и специјални гости од Канада, Мексико и САД. Главните ликови беа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и […]

Ковачев и Џамбаски можат да дојдат во Македонија само како европратеници


  Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски како европратеници се добродојдени во Македонија, но не и како приватни лица, појасни претседателот Стево Пендаровски за двајцата пратеници кои се најдоа на црната листа на нашата држав, а на Ковачев неодамна не му беше дозволено да ја помине границата за чествување. Оваа промена претседателот Стево Пендаровски, ја откри […]